НА ДЕНЕШЕН ДЕН-29 СЕПТЕМВРИ

0
139

НА ДЕНЕШЕН ДЕН-29  СЕПТЕМВРИ

29 септември е Светски ден на срцето.

* 29 септември 1953, во Битола роден е Димитар Илиевски – Мурато ,македонски алпинист, познат како првиот Македонец што ја има освоено највисоката планина во светот — Монт Еверест. Се искачил на 10 мај 1989, по што не успеал да се врати во базниот логор и официјално се води како изчезнат.

*  29 септември 1918 година Бугарија е принудена да потпише примирје согласувајќи се да ја напушти Вардарска Македонија. Ги задржува само Пиринска Македонија и Струмичката област со градот Струмица, која ќе ја загуби подоцна во корист на Србија со Нејскиот мировен договор од 1919 година.

* 29 септември1521.- Турскиот султан Сулејман Први го освои Белград по двомесечна опсада, по што беше отворен патот за натамошни освојувачки походи на север

* 29 септември 1908г. во Скопје за прв пат почнало да се продаваат странски новини

* 29 септември 1914.- Во Скопје умре Стеван Мокрањац, српски композитор кој се одликува со извонредна смисла за уметничка обработка на музичкиот фолклор. Негови најзначајни остварувања се ракатки, 15 народни рапсодии (со уметничка стилизација) на македонски, босански и на српски мелодии. Роден е во Неготин, на 9 јануари 1856 година.

СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕ ЗА ДРАМСКОТО ВОСТАНИЕ

* 29 септември 1941.- Почна Драмското востание на македонските и на грчките востаници против бугарскиот окупатор. Во градчињата Драма, Просечен, Карликово и Кубалица, што ги нападнаа востаниците, беше воспоставена народната власт. По жестоките борби, бугарската војска и полиција го задушија востанието и притоа извршија масакрирање на околу 3.000 луѓе и беа преземени различни репресивни мерки низ целата територија во источната област на Егејска Македонија.

* 29септември 1991.- Во селото Усје, Скопско, е осветена црквата “Свети Атанасиј”.

*29 Септември 1993 – Република Македонија беше примена во членство на Интерпол (Интернационална полиција), меѓународна организација на криминалистичките полиции во светот.

* 29 септември 1993.- Во Аруба, држава на Карипските Острови, Република Македонија е примена за полноправен член на Интерпол, меѓународна организација на криминалистичките полиции.

*29 септември 2009.- Проблеми во инсталацијата на електричните и плинските уреди во кујната се причина за пожарот што избувна изутрината во манастирот Св. Јован Бигорски. Пламенот прво го зафати кујнскиот дел, по што се прошири во трпезаријата, конаците и библиотеката, кои се целосно изгорени, но нема повредени лица. Штетата од огнената стихија, според проценките на Националниот конзерваторски центар, изнесува над 5,5 милиони евра. Но, трајно се уништени и објекти и предмети чија историска и културна вредност е ненадоместлива. Со помош на монасите се изнесени и се спасени речиси сите вредни икони од галеријата. Манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски посветен на Св. Јован Крстител, се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требишта, по течението на прекрасната Радика. Името Бигорски, го има добиено заради тоа што е изграден од бигор. Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци. Според Бигорскиот поменик, манастирот го основал монахот Јован во 1020 година а во 16 век манастирот бил разурнат од Турците, и останала само една мала црква. Од помениците исто така се дознава за обновувањето на манастирот во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој е и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време. Манастирот Св. Јован Бигорски надалеку е познат по својот иконостас. Него го правеле мајсторските раце на тајфата на Петре Филипов – Гарката од селото Гари. Петре Филипов – Гарката, брат му Марко, Макрариј Фрчковски од Галичник и Аврам Дичов со синовите Васил и Филип од родот Филиповци од Осој, во периодот од 1829 до 1835 година успеале да создадат врвно уметничко копаничарско дело.

Претходниот артикал,Горан Ангеловски-поранешен фудбалер
Следната статијаОвие работи се забранети во секоја црква

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука