-29 април 2011 година, пред многуброен број верници и донатори од Миладиновци и пошироко, се удрија темелите на нов црковен храм во Миладиновци-Илинден.Митрополитот Полошко-кумановски г-дин. Кирил во сослужение на кумановскиот намесник протоереј-ставрофор Драги Стојановски и свештенството од епархијата го благослови камен-темелник на нов храм на Свети Илија во населено место Миладиновци.
–29 април 1898.- Во Ќустендил умре Илија Марков Малешевски (познат како Дедо Иљо Малешевски), роден 1805 во Берово, македонската историја го познава како голем револуционер кој ја бранел својата христијанска вера и честа на своите блиски од неправдите на османлиските владетели. Со своето дејствување станал еден од најистакнатите ајдутски војводи не само во Македонија, туку и на Балканот.Неговата дејност е дел од ослободителните борби во втората половина на 19 век. Учесник е во Разловечкото (1876) и Македонското (Кресненско – 1878) востание. Дејствувал најдолго од сите македонски војводи. За своите војнички заслуги е одликуван со српски, руски и бугарски воени одликувања. Умрел во Ќустендил 1898 година. Прочуен македонски ајдутски војвода во втората половина на 19 век. Учествуваше во многубројните битки против Турците и поради своето херојство го нарекуваа Цар Малешевски. Умре во Ќустендил, на 29 април 1898 година
-29 април 1997.- Во Лусембург, Република Македонија и Европската унија ја потпишаа Спогодбата за соработка.
-29 април 2013.- На 53-годишна возраст ненадејно почина Љупчо Митревски, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Митревски од 1988 до 2009 година работел во Институтот за старословенска култура во Прилеп, а потоа во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Бил соработник на повеќе проекти: Писмени споменици за средновековната култура на Македонија, Универзален словенски речник, (Торонто, Канада), Речник на црковнословенскиот јазик од македонска редакција и др. Бил автор и коавтор на повеќе критички изданија на македонски средновековни ракописи, преведувач и лектор по македонски јазик во Брно, Чешка Република (2004−2009). Член бил на Комисијата за лекторски испит при Министерството за култура. Митревски учествувал на повеќе научни конференции, на специјалистички, стручни и јазични школи. За својата научна дејност добитник е на повеќе признанија меѓу кои и на наградата „Гоце Делчев“ во 1996 година.
–29 април 2017 ,ден на последното издание на дневните весници „Утрински весник“ и „Вест“. Двата весника од МПМ ќе станат веб-портали со по неколку вработени. Првиот број на Утрински излезе на 23 јуни 1999 година, а една година подоцна, на 5 јули 2000 година се испечати и првото издание на Вест.