– 3 јануари 2008, убиен беше Зоран Марковски од Миладиновци, роден во 1967г. ,беше оженет и татко на две деца , припадник на специјалната единица тигар ,кога од возило во движење беше стрелано кон полициски џип “ландровер” во близина на бензинската пумпа “Макпетрол, во скопската населба Автокоманда.Петмината тигри кобната вечер со службено возило се враќале од работа кога кон нив бил отворен оган. Тогаш, во нападот беа ранети тројца припадници на специјалната полициска единица “Тигри”. Марковски почина на пат кон болница додека двајца негови колеги со прострелни рани на шаката и рамото беа згрижени во Клиничкиот центар

* 3 ЈАНУАРИ 1942 година кај Владичин Хан, Србија, загина Јордан (Орце) НИКОЛОВ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден бил во Скопје на 7 јануари 1916 г. Пред Втората светска војна го изучил кројачкиот занает и од 1934 г. станал активист на прокомунистичките синдикати. Од 1935 г. бил член на КПЈ. Бил секретар на Подружницата на шивачките работници (во пролетта 1938), секретар на Месниот комитет на КПЈ во Скопје и член на привременото Биро на Покраинскиот комитет на КПЈ во Македонија (1939-1940). Бил организатор на илинденските излети (1940), потоа бил уапсен во август 1940 г. и осуден на две години во Кикинда, Лепоглава и Сремска Митровица, каде што бил член на Затворскиот комитет на КПЈ. На Покраинската конференција од 8 септември 1940 г. во отсуство бил избран за член на Покраинскиот комитет на КПЈ во Македонија, а на Петтата земска конференција на КПЈ во Загреб од 19-21 мај 1940 г. и за кандидат за член на Централниот комитет на КПЈ. Со група затвореници, низ прокопан тунел, успеал да избега на 22 август 1941 г. и се вклучиле во Фрушкогорскиот партизански одред, преку кој се префрлил до Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ во слободното Ужице. Со група партизани, во обид да се префрли во Македонија, наишол на бугарска заседа и по кратка борба загинал. Прогласен бил за народен херој на Југославија на 29 јули 1945 г.
– 3 јануари 1945.- Во Скопје
излезе првиот број на првото детско списание на македонски јазик во слободна
Македонија “Пионер”. Негови први уредници беа познатиот македонски писател
Славко Јаневски и професорот Јонче Јосифовски.

– 3 јануари 1960 година во Скопје роден е Исмаил Мачев-Атлетичар,Македонска и Југословенска легенда ,сеуште го држи македонскиот рекорд на 400 метри ,остварен во 1983г.Беше успешен учесник на многу државни ,абалкански ,европски и светски првенства.
– 3 јануари 1987.- Во Скопје умре доцент д-р Иван Влашки, шеф на Уролошката клиника на медицинскиот факултет во Скопје. Тој е основоположник на современата урологија и трансплантациите на бубрег во Македонија. Со своите стручни способности како хирург и педагог се стекна со голем углед во земјата и во странство. Роден е во 1930 година.

– 3 јануари 1987.- Во Скопје умре Драган Ѓаконовски – Шпато, истакнат македонски композитор, диригент и музички аранжер. Неговото име ќе остане трајно врежано во историјата на македонската забавна музика, зашто тој е всушност нејзин зачетник. Како автор на бројни забавни мелодии, на аранжмани за забавна и за џез музика на македонската сцена се појави уште во првите повоени години. Бројни генерации се сеќаваат на неговите популарни композиции, како и на првата македонска џез композиција наречена “Тема I”, што тој ја создаде во далечната 1947 година. Беше извонредно надарен музички инструменталист кој ги формира првите оркестри Ритмички секстет, Забавниот ансамбл и Биг-бендот на Радио Скопје. Роден е во Скопје, на 11 март 1931 година.
– 3 јануари 1996.- Во Скопје почна со работа канцеларијата за врски на Светската здравствена организација.
– 3 јануари 1996.- Во Скопје умре д-р Христо Маловски, македонски историчар и педагог, професор на Филозовскиот факултет во Скопје. Роден е во 1932 година.










































