„ПУРЧЕВИ“-Илинден

2
567


Родот -Пурчеви,потекнува од с. Дивле-скопско, најпрво се доселиле во с. Брњарци, а подоцна преминале во Илинден.

Најстариот доселеник, кој воедно бил и основачот на родот во Илинден, бил Кимо.

Тој имал три сина: Саздо , Митре и Ангеле.
*Саздо имал четири сина: Ѓорѓија, Андреја, Цане и Цветан и една ќерка Ѓувеза, омажена во Арачиново.
*Ѓорѓија,син на Саздо, имал еден син Наце.

Сопружниците Наце и Цана со својот син и снаа и внучињата

-Наце, син на Ѓорѓија .оженет со Цана имале 4 деца:Тана,Ленче ,Буба и Славе.

  -Славе, син на Наце,оженет со Милева имат два сина, Зоран и Борче.

Зоран ,син на Славе има два сина Филип и Антонио.

Борче,син на Славе има две деца Мила и Максим.

Славе и Милевка


*Андреја,син Саздо имал три сина: Трипун, Тошо и Круне.
-Трипун, син на Андреја,оженит со Илинка имале четири сина: Стојан, Петко, Милан,Трајко и ќерка Гора.
-Стојан, син на Трипун имал две деца Гордана и Владо

Владо син на Стојан има  два сина Стојанче и Дејан.
-Петко,син на Трипун,оженет со добринка имале две  ќерки, Соња и Славица,во Илинден живее Соња со сопругот, заедно со семејството на својот син Игор.
-Милан,син на Трипун,оженет со Елица  имат две деца Валентина и Ацо .Ацо,син на Милан има два сина.

-Гора ,ќерка на Трипун,живее во Илинден и беше омажена за( Живко),има две ќерки Светлана и Виолета.

Светлана,ќерка на Гора има ќерка Ана, омажена е во Илинден за Александар

Виолета ќерка на Гора има ќерка Елена омажена е во Ниш.

ТРАЈКО

-Трајко, во брак со Ратка имал два сина Славе и Бранко.

Славе,син на Трајко и Ратка во брак со Милевка има две ќеркиСања и Лиле

Сања,черка на Славе и Милевка омажена е за Јоце во Трубарево

Лиле ,ќерка на Славеи Милевка омажена е за Саше во Илинден .

 

-Тошо,син на Андреја .оженет со Злата имале една ќерка Драгица и два сина Томе и Љубе.
Томе, син на Тошо имал два сина Тони и Саше.

Тошо и Злата

Тони, син на Томе има два сина Филип и Александар.

Саше , син на Томе има две ќерки Ивана и Стефанија
-Љубе, син на Тошо има една ќерка Златка и син  Дејан .

Дејан ,син на Љубе има две деца Дамјан и Ева.

ПРВИОТ ОД ЛЕВО АНДРЕЈА ПУРЧЕВ


-Круне, син на Андреја , оженет со Загорка имале еден син Ѓорѓи и две ќерки Ленче и Љубинка.

КРУНЕ И ЗАГОРКА

 -Ѓорѓи,син на Круне, оженет со Станка имат син Бобан и ќерка Данче.

Бобан, син на Ѓорѓи има три деца, две ќерки Теодора и Анастасија и син Андреј

-Ленче ,ќерка на Круне омажена е во Маџари,а  Љубинка во Илинден.
*Цане,син на Саздо  имал два сина Борче и Стеван.
-Борче,син на Цане ,оженет со Љуба имале еден син Трајан и ќерка Бона.

БОРЧЕ КИМОВСКИ

Трајан,син на Борче  има  син Цане.

Бона омажена во за Благоја во Миладиновци
-Стеван,син на Цане,оженет со Санда  имале три ќерки Снеже, Нада и Виолета.

 Родот на Стеван во Илинден го продолжува ќерка му Снеже  со нејзиниот сопруг Владо  и семејството на нивниот син Јовица .
*Цветан, четвртиот син на Саздо,кој се уште не бил женет и го чувал сопственото стадо овци, бил убиен во турско време.
Вториот син на основачот на родот Кимо, Митре, имал две ќерки.
Еден род од Пурчеви е отселен во Скопје. Денес, од оваа галабија во Илинден има 11 куќи. Куќна слава им е “Св. Архангел”.

Од оваа галабија произлегуваат неколку фамилијарни презимиња и тоа: Кимовски, Саздовски и Јакимовски.

Прпремил:Драги Ангеловски врз основа на лични истражувања и прилози на усни искажувања и фотографии од Љубе Саздовски,Боро Кимовски,Теодора Кимовска,потомци на овој род.

.

***************************************************************************

НАПОМЕНА : Објавата е создадена според усни кажувања, можни се евентуални грешки или недостатоци.

 На Ваше  укажување со факти истите ќе бидат  корегирани, дополнети или отсранети .

Контакт преку порака или коментар,благодариме на разбирањето и соработката.

***************************************************************************

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН 2 ЈАНУАРИ
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН -3 Јануари

2 Коментари

  1. Eden golem pozdrav za seto ova sto go pisuvate .Jas kako del od familijata ,,Purcevi,,imam samo imeto na baba e Ilinka od dedo mi Tripun mala ispravka a najubavite godini moi bea vo Ilinden vo folklornata sekcija.Golem pozdrav Gorde Grdelica

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука