Што значи зборот „БРАКО“

0
98

Велешката фирма „БРАКО“ (името го носи како кратенка од БРАќа КОшулчеви!

Тоа се тројцата браќа кои загинуваат многу млади, како ПАРТИЗАНИ кои се бореле против  бугарскиот окупатор на овие простори: најстариот Владо (убиен на 31 година), средниот Никола (убиен на 25 години) и најмалиот Анде (убиен на 19 години)!

На нивната мајка, легендарната велешанка и антифашистка тетка Васа Кошулчева (1887-1970), поетот Боро Андов и ја посветува ненадминливата песна МАЈКА – која не може да ве остави рамнодушен ако ја прочитате .

 Компанијата Браќа Кошулчеви е основана во 1947 година во Велес, каде главно производство се приколките препознатлив бренд во поранешна Југославија. Со повторното рестартирање на компанијатаво 2003 година под закрила на Групацијата Фероинвесткомпанијата е преименувана во Брако. 

На нивната мајка, легендарната велешанка и антифашистка тетка Васа Кошулчева (1887-1970), поетот Боро Андов и ја посветува ненадминливата песна МАЈКА – која не може да ве остави рамнодушен ако ја прочитате [а и ако се расплачете, не е страшно – луѓе сме]

Замолчете!

Не пречете!

По улица Жена оди,

на челото со три бразди,

со три бразди за три сина –

за Колета,

Андо,

Владо,

пролетното цвеќе младо,

зол туѓинец што го скина

со меч остар и со оган

низ земјава кога мина.

По улица Мајка оди,

со две очи, два кладенца,

два кладенца сосем суви,

источени солзи врели,

низ одаи пусти, глуви,

над постели, празни, бели.

Помогнете!

Пат правете

да помине мајка стара!

Таа може во нас сите

синовите да ги бара!

Синовите да ги бара

во војната што ги прати,

а ниеден од нив дома

кај мајката не се врати.

Запомнете!

Раскажете!

Раскажете да се знае!

Ниту еден од три сина!

По години долги, долги…

по илјада, а и згора

некој дедо со внучето

до печката пак ќе седи

и приказна ваква стара

ќе започне да му реди:

– Била еднаш мајка една,

со три сина к’о три џина,

се јунаци лични, стројни

но грабачи, орди диви,

поробиле градови, ниви

па фатиле пушки бојни,

да ја бранат синовите

и другата мајка нивна

– таа мајка Татковина…

По улица мајка мине

со плетена коса сива.

Запомни ја и ти, сине,

таа вечно ќе е жива!

Претходниот артикал,Маало Стара Млекара
Следната статијаБорис Трајковски, во Илинден-2004

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука