НА ДЕНЕШЕН ДЕН-4 СЕПТЕМВРИ

0
231

* 4 септември 1944 —во Пазаеџик –Бугарија починал Методија Шаторов-Шарло Шарло е роден на 10 јануари 1897 година во Прилеп. Основно и средно образование завршил во Прилеп и во Битола, а во 1914/15 година и Учителската школа во Скопје. Во 1918 година емигрирал во Бугарија, каде станал член на македонските организации во Софија. Во 1926 година учествувал во создавањето на ВМРО-Обединета, а во декември 1927 година бил делегат на Втората конференција на Коминтерната, каде говорел за македонското прашање. Во анкетниот лист на Коминтерната запишал дека е Македонец. Потоа се вратил во Бугарија, каде за ВМРО- Обединета ја организирал работата во Пиринскиот дел на Македонија. По налог на Коминтерната престојувал во Париз, каде собирал помош за Интернационалните бригади во Шпанија. Со отпочнувањето на Втората Светска Војна, со легални документи добиени од југословенскиот конзулат, во 1939 година се вратил во Прилеп. Односно, тој доаѓа во Македонија по налог на партијата, откако КПЈ побарала кадровска помош од Коминтерната. Обвинет дека македонската партиска организација ја присоединил кон Бугарската работничка партија и дека ги спроведувал нејзините ставови во Македонија, името и улогата на македонскиот патриот Методија Шаторов-Шарло, долго време по Втората Светска Војна било ставено под ембарго. Меѓутоа, неговиот животен пат, неговите настапи и пишани материјали кои подоцна се појавуваат во јавноста, јасно говорат за неговата определба за Македонија.

Kajmakcalan, Nidze mountain, Macedonia

* 4-септември 1903.- На Кајмакчалан, во борба против турската војска загина Манол Ризов, македонски револуционер. Учесник е во Илинденското востание и беше член на Костурското горско началство. Особено беше ценет сред македонските патријаршисти опфатени во редовите на ВМРО. Роден е во селото Бобишта, Костуско, во 1876 година.

* 4 септември 1991.- Умре Димче Стојанов (Димче Мире) учесник во национално-ослободителното движење, член на Президиумот на АСНОМ, претседател на Народното собрание на НР Македонија (1951-1955), директор на Архивот на Македонија (1960-1978), еден од основачите на архивистичката служба во Македонија. Роден е во Прилеп, на 10 октомври 1910 година.

* 4 септември 1992.- Собранието на Република Македонија ја избра новата македонска коалициона влада. За нов премиер е избран Бранко Црвенковски. Тоа беше втора влада во повеќепартискиот систем на Република Македонија.

* 4 септември 1996.- Во Народната банка на Република Македонија се промовирани новите македонски пари, со нов дизајн, кои беа пуштени во оптек на 8 септември 1996 година.

* 4 септември 2016 година Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск на церемонија која се одржа на плоштадот „Св. Петар“ ја прогласи Мајка Тереза за Светица.На канонизацијата на Блажена Мајка Тереза присуствува македонска државна и црковна делегација, предводена од претседателот Ѓорге Иванов. Посебно место на свеченоста, ј имаа Република Македонија, заедно со Република Албанија и Република Индија, како земји на нејзиното раѓање, потекло и мисија.На канонизацијата на Мајка Тереза присустваа многубројни верници и високи гости од целиот свет. Најавено беше присуство на 13 шефови на држави или влади. Распределени беа 100.000 билети за следење на церемонијата на плоштадот „Свети Петар“.Акредитирани се 600 новинари од целиот свет, а настанот го следедат 125 телевизики куќи. Радио Ватикан пренесува во живо на шест јазици.

Претходниот артикал,МАРИО МЛАДЕНОВСКИ-ФУДБАЛЕР
Следната статијаНАЈДАЛЕЧНОТО НЕШТО ШТО МОЖЕ ДА СЕ ВИДИ СО ГОЛО ОКО ОД НЕКОЈ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука