-15 мај е светски ден на семејството, на фотографијата поширокото семејствона браќата Боце и Ѓоре од Илинден во 60-те години од минатиот век кои живееја во една семејна заедница
-15 мај 1924, Виена, Австрија, Мајскиот Манифест
„ До македонскиот народ, до организираното револуционерно население во Македонија и до македонските револуционери
Браќа Македонци!
Македонија, во своите природни географски граници меѓу реката Места, планините Родопи, Рила и Шар, реката Дрим, Охридското Езеро, планината Грамос, реката Бистрица и Егејското Море, со едно пространство од 65.000 кв. километра, пресечена од реките Места, Струма, Вардар, Дрим, Бистрица и надарена со најразнообразни природни богатства и благопријатни климатски услови; со своето 2.302.000 население, рознооброзно по својот етнографски состав, со својата централна економска и стратегиска положба на Балканите, меѓу басените на реката Дунав, Егејското и Јадранското Море – ги има сите услови и права за самостојно палитичко постоење, како независна држава што се управува самостојно, која ќе послужи како обединувачка, политкчка и економска алка меѓу народите и државите на Балканското Полуострово.
–15 мај 1974.- Во Белград конституирано е првото делегатско Собрание на СФР Југославија, на кое претседател стана Киро Глигоров.
-15 мај 1942.- Роден е Ристо Ѓ. Јачев, македонски поет, романописец, театарски критичар, артист, новинар, уредник, критичар и преведувач. Како исклучително плоден писател Ристо Ѓ. Јачев е повеќе од педесет години живо присутен во современата македонска литература со поетски, прозни и драмски остварувања. Ристо Јачев е редовен учесник на литературните средби во Илинден.Меѓу неговите најпознати поетски дела се: „Кавал и магија”, „Димна гора”, „Ангел над Христовиот гроб”, „Смртни песни”, „Студен мрак”, „Помнам“, како и романите „Кукла”, „Јаков”, „Патот на ангелите”, „Алексеј”. Добитник е на значајни книжевни награди, меѓу кои „Стале Попов” , „Златно перо”, „Нарциса”, „Григор Прличев“ и „Ацо Шопов“
–15 мај 1945.- Југославија дефинитвно се ослободи од окупаторот. Единиците на Југословенската армија во последниот организиран отпор ги скршија непријателските сили во Втората светска војна. Земјата за време на четиригодишната војна беше ограбена и опустошена, а според официјалните податоци загинаа 1.706.000 лица.
–15 мај 1992.- Во Перт, Австралија, отворен е првиот Македонски информативен центар надвор од границите на Република Македонија.
–15 мај 1994.- Во Белград умре Олга Спиридоновиќ, една од најпознатите театарски и филмски актерки во поранешна Југославија. За улогата во Мис Стон во истоимениот македонски филм и е доделена Златна арена на Пулскиот фестивал. Родена е во Сплит, на 29 мај 1923 година.
–15 мај 1994.- Во Штип умре Киро Стоев, еден од основоположниците на повоениот музички живот во Штип, истакнат педагог и диригент. Роден е во Штип, во 1924 година.
–15 мај1995.- Кај селото Богомила, Велешко, е предадена во употреба првата електроцентрала на реката Бабуна.