*4 декември 1993.- На изборниот Архиепископско-црковен народен собир на МПЦ, што се одржа во катедралниот храм на охридските архиепископи “Св. Софија”, во Охрид, Господин Михаил, Митрополитот Повардарски е избран за поглавар на Македонската православна црква. Воедно, г.г. Михаил е единствениот духовник на кого му било понудено претседателското место на Македонија.Инаку,Г.Г.Михаил се залагал за самостојност на МПЦ, па во два наврати одлежал над шест години затвор. Бил осуден и затворен од тогашната власт заради идеите за национална, социјална и духовна слобода на македонскиот народ. По шест месеци бил ослободен, но за кратко. Во 1948 година повторно бил уапсен и осуден на 5,5 години затворска казна. И покрај сите притисоци и закани да се откаже од свештеничкото служење, Михаил останал цврст во своите ставови и продолжил да служи како свештеник во Скопје.

* 4 декември 1791.- Излезе првиот број на британскиот „Обсервер“, најстар неделник во светот.

* 4 декември 1912.- По победата во Првата балканска војна, балканските сојузници Србија, Грција и Бугарија потпишаа примирје со Турција.
* 4 декември 1989.- Членките на Варшавскиот пакт – Бугарија, Унгарија, ДР Германија, Полска и Советскиот Сојуз – кои ја окупираа Чехословачка во 1968 година, на состанок во Москва ја осудија воената интервенција и соопштија дека тоа било „мешање во внатрешните работи на суверена Чехословачка“.
* 4 декември 1995.- Во Скопје умре Петар Глигоровски, македонски академски сликар на анимирани филмови. Роден е во Скопје, во 1938 година.

* 4 декември1996.- Во Скопје умре Крум Стојанов, еден од доајените на македонскиот театар, актер. Роден е во Скопје, во 1917 година.
* 4 декември 1791.- Излезе првиот број на британскиот „Обсервер“, најстар неделник во светот.