НА ДЕНЕШЕН ДЕН-8 МАЈ

0
74

-8 мај е  ден на Црвениот крст

8 мај 1903.- Турската војска од Костур, Егејска Македонија, испрати засилен војнички одред за да го уништи селото Смрдеш, само затоа што со сметаше за најкомитско село во Костурско..

Поради тоа од Костур бил испратен засилен војнички одред за да го уништи Смрдеш. На 8 кон 9 мај 1903 г. на селото е извршен ѕверски напад од аксер и башибузок, поради тоа што населението ја криело четата на Борис Сарафов.Во нападот се убиени 87 жители (45 мажи, 36 жени и 6 деца), запалени се 300 куќи, 2 училишта и 19 дуќани. Притоа ранети се уште 50 луѓе и 35 жени се силувани. Без покрив останале 1.500 жители.Освен војводите Чакаларов, Кљашев и Стерјовски од Смрдеш потекнуваат повеќе личности кои оставиле белег во историјата. Меѓу нив се македонскиот лекар Гаврил Константинович (Гаврил Костадинов Тасев) (1881-1918), национален деец и учесник во Октомвриската револуција, Лазо Ковачевски – првоборец, Атанас Коровешов (1918-1945) комунистички деец, ракводител на НОФ, Ламбро Чолаков (? – 2001) македонски национален деец, член на Главниот одбор на НОФ за Егејскиот дел на Македонија и секретар на Окружниот одбор на НОФ за Костурско и Преспанско.

8 мај 1905.- Во Ѓаково умре Јосип Јурај Штросмаер, бискуп, политичар и културен деец, основач и покровител на Југословенската академија на науките и уметности (ЈАЗУ) во Загреб, во 1866 година, втемелувач на хрватскиот универзитет. Се стремеше кон обединување на јужните Словени во рамките на Австрија. Во 1861 година, со негова помош, во Загреб е објавен „Зборникот на браќата Миладиновци“. Роден е во Осиек, на 4 февруари 1815 година.

8 мај 1914.- Во селото Будинарци, Беровско, е роден Глигор Смокварски, македонски композитор, кларинетист и музиколог. Тој е првиот кларинетист на Македонската филхармонија. Автор е на првиот национален балет “Македонска повест”. Умре во Скопје, на 15 март 1974 година.

8 мај 1925.- Во Виена во Бург-театарот, од платеничката на бугарскиот двор Менче Карничева, е убиен Тодор Паница, истакнат борец на македонското националноослободително движење. Роден е во бугарскиот град Орахово, во 1878 година.

8 мај 1992.- Република Филипини ја призна Република Македонија.

8 мај 1995.- Република Македонија и Република Сингапур воспоставија дипломатски односи.

8 мај 2001.- Во Скопје, во издание на Македонскиот народен театар е промовиран првиот број на списанието за сценска уметност “Сцена”.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН 7-МАЈ
Следната статијаСвадба на Кате и Лазо

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука