НА ДЕНЕШЕН ДЕН -9 АВГУСТ

0
290

Св. Климент-резба на нашиот уметник-аматер Цацко Кочовски

*9 август 916.- Во Охрид умрел свети Климент Охридски, родоначалник на словенската литература и на црковното беседништво, прв оригинален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, прв епископ словенски и македонски на Балканот, но и заштитник на Охрид. Роден е во Охрид, околу 840 година

*9 август 1873 година завршила изградбата на првата железничка линија во Македонија меѓу Солун и Скопје. На тој ден пристигнал првиот воз во железничката станица Скопје и тоа се смета за почеток на железницата во Македонија. Пред втората светска војна имало големи активности околу изградба на железнички линии заради експанзијата на економскиот развој во Балканскиот регион. Во тој период се изградени и пуштени во сообраќај следниве железнички линии:Велес – Кочани на 25.08.1926 година
Прилеп – Битола на 07.04.1931 година
Велес – Прилеп на 20.01.1936 година

*9 август 2001г. бранејќи ја татковината загиунва полицискиот резервист Душко Синадиновски (†41) при напад на полицискиот пункт во тетовско Ратае.

*9 август 1883.- Во Велес е роден Панко Брашнаров, македонски национален деец, народен учител, комунист, хуманист, воденичар, кафеџија, градинар и слуга, најстар пратеник на Првото заседание на АСНОМ, прв претседавач на Заседанието и прв потпретседател на АСНОМ, прв повереник на првата привремена влада на Македонија и иницијатор за формирање на првата новинска агенција на Македонија, најблизок соработник на Методија Андонов – Ченто. Умре на Голи Оток, на 13 јули 1951 година.

*9 август 1945.- Воздушните сили на САД ја фрлија и втората атомска бомба (првата ја фрлија врз Хирошима, на 6 август 1945 година), врз јапонскиот град Нагасаки, при што градот беше урнат до темел. Загинаа околу 36.000 жители, повеќе од 40.000 беа повредени, а во пожарот изгореа повеќе од 20.000 куќи. Шест денови по атомската експлозија, јапонскиот цар Хирохито  објави безусловна капитулација на Јапонија.

* 9 август 1946 година по договорот меѓу Тито – Димитров со посредство на Коминтерната централниот пленум на Бугарската Комунистичка Парија БКП усвојува резолуција за давање на културна автономија на Пиринска Македонија,а веќе од 10-ти август таа започнала да се спроведува. Според бугарскиот државен попис спроведен во 1945 година во Бугарија имало 160 илјади етнички Македонци а на пописот од 1956 година нивниот број се зголемил на 178, 862 граѓани коишто засебе сметале дека се Македонци според национална припадност. Културната автономија на Македонците во Пиринскиот крај на Бугарија започнува да запира по конфликтот меѓу Тито со Димитров и Сталин и резолуцијата на Информбирото по што БКП ја изоставува својата резолуција од 1946 од официјалните документи и започнува процесот на бугаризација на Македоцните во Пирин.

*9 август 2012.- Во 86-тата година од животот умре Коле Јордановски, познат инжинер архитект, добитник на наградата „13-ти Ноември“ во 2009 година од областа на архитектурата и градежништвото. Коле Јордановски беше архитект со меѓународно реноме, експерт на Обединетите нации во сферата на архитектурата, генерален директор на Генералната дирекција за обнова и изградба на Скопје. Тој беше претседател на општина Идадија и главен во обновата на Скопје по земјотресот.

*9 август 2016 година,  во Белград, Србија ,извршена е  промена на името  на улицата “Македонска “ во “Трг Политика“, извршена врз основа на одлука на Собранието на Градот Белград и тоа на денот на жалоста во Македонија за настраданите од поплавите во Скопје и околината.

Претходниот артикал,Црква „Св. Петка“ – Црниче
Следната статијаЦрква „Св. Пантелејмон“ – Горно Нерези

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука