* 8 ноември- Меѓународен ден за урбани средини.
* 8 ноември 1878.- Во Кукуш, Егејска Македонија, роден е Димитар Влахов, истакнат македонски револуционер, политичар и публицист, повеќе децении присутен на македонската историска сцена во борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување. Умре во Белград, на 7 април 1953 година.

* 8 ноември 1878.- Во селото Папрадиште, Велешко, роден е Димитрија Чуповски, еден од најистакнатите и најдоследните организатори и афирматори на македонската национална мисла, политичар, дипломат, научник, историчар и филолог. Беше прв претседател на Славјанско-македонското научно литературно друштво основано во Петроград, во 1902 година. Умре во Санкт Петербург, на 29 октомври 1940 година.

* 8 ноември 1906.- Во Штип е роден Михаило Апостолски, водач на македонските партизани во Втората светска војна, генерал, командант на НОВ и ПОМ, подоцна воен теоретичар и историчар.
Основно и средно образование завршил во Штип.
Во 1927 г. завршил Воена академија во Белград, во 1933 г. Висока воена академија, а во 1938 г. ја завршил и Генералштабната академија.
За време на престојот во Белград, Апостолски контактирал со македонските студенти кои студирале таму и одел на тајни собири на кои се говорело за македонската кауза, а кои собири биле забранети за офицерите во тоа време во тогашното кралство СХС.
Втората светска војна го затекнала во чин генералштабен мајор на служба во Љубљана, на должноста началник на штаб на дивизија.
Во текот на кратката Априлска војна во 1941 командувал со планинските единици на Алпите.
Кога Германците ја нападнале Југославија, тој наредил да се урнат сите мостови за да се забави нивното напредување. По капитулацијата на Југославија заробен е од италијанската војска и одведен е во логорот Вестоне. Потоа бил префрлен во Риека, каде што бил ослободен со група Македонци.
Апостолски веднаш се враќа во својата Македонија и се поврзува со македонските партизани и народноослободителното движење.
Во септември 1941 бил назначен за член на Покраинскиот воен штаб на Македонија, а од јуни 1942 година за командант на Главниот штаб на народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија.
Во мај 1943 година бил назначен за генерал мајор. На Второто заседание на АВНОЈ бил избран за член на Претседателството на АВНОЈ.
Од февруари 1944, покрај 33 македонски оперативни бригади, под команда на Апостолски се наоѓаат и бригади од Косово и од јужна Србија.
Член е на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Учествува на Првото заседание на АСНОМ и е избран во неговиот Президиум.
Во февруари 1945 година бил назначен за началник на Врховниот штаб на НОВ (односно на Генералштабoт на Југословенската армија).
Извршувал и други одговорни функции во ЈНА. Помеѓу 1946 и 1952 година бил командант на сараевската воена област и началник на високата воената академија на ЈНА. Се пензионирал со чин генералполковник.
По престанувањето на неговата активна воена служба, започнал интензивно да се занимава со историја.
Во периодот од 1965 до 1970 година бил директор на Институтот за национална историја.
Во својата научна работа напишал повеќе библиографски едници, а ја објавил и првата Историја на ослободителната војна на македонскиот народ 1941-1945 (издадена во Скопје, 1967 година).
При основањето на Македонската академија на науките и уметностите (на 18 август 1967 година) е избран за нејзин прв редовен член.
Од 1976 година до 1983 година бил претседател на МАНУ. Во периодот од 1978 до 1981 година бил претседател на Советот на академиите на науки и уметности на СФРЈ. Бил и член на и Советот на федерацијата.
Михаило Апостолски умира на 81 годишна возраст, на 7 август 1987 год. во Дојран.
Денешната македонска воена академија во Скопје го носи неговото име.
* 8 ноември 1922.- Роден е јужноафриканскиот хирург Кристијан Барнард, кој во 1967 година го изврши првото пресадување на човечко срце.

* 8 ноември 1936 г. роден Кирил Манчевски,македонски пејач, еден од великаните на градската, лирска и елегична народна песна. Настапува како солист и во дует, особено со Виолета Томовска. Активен во шеесеттите и во почетокот на седумдесеттите години од XX век, тој ги остварил антологиските изведби на познатите песни.Починал на 8 јули 1975г.

*8 Ноември 1941 – При формирањето на партизанскиот одред “Гоце Делчев” во Царевиќ, Прилепско, првпат беше изведена борбената песна “А бре, Македонче”. Композитор е прилепскиот скоевец Ордан Михајлоски-Оцката (1921-1942), кој со Коле Чашуле е и ко-автор на текстот. А, бре, Македонче, каде се спремаш?, Борба те чека, борба за слобода. Борба за слобода, за Македонија, за Македонија – земја поробена. Обнародена и исполнувана во текот на НОВ, оваа револуционерна песна стана прв звучен сигнал на Радио Скопје во 1944 година.
*8 ноември 1944.- Ослободени се градовите Штип, Неготино и Струга.

* 8 ноември 1945г. почина Атанас Лозанчев, македонски револуционер, член, раководител и војвода на Македонската Револуционерна Организација. Во јануари 1903 година учествувал на Солунскиот конгрес и бил еден од иницијаторите за донесување одлука за кревање востание. На Смилевскиот конгрес бил избран за член на Главниот штаб на Битолскиот револуционерен округ. Од седумнаесеттемина присутни на Солунскиот конгрес, во востанието учествувале само Лазар Димитров и Анастас Лозанчев, кој оставил спомени за овие настан

* 8 ноември1990.- Собранието на Социјалистичка Република Македонија, под претседателство на Вулнет Старова, ја одржа последната официјална седница на стариот делегатски состав, пред претстојните повеќепартиски избори (11 ноември 1990 година). Оттогаш, до конституирањето на првото повеќепартиско Собрание на СР Македонија (на 8 јануари 1991 година), заседаваше уште неколкупати…

* 8 ноември 1994.- На м-р Марија Пандевска, асистент во Институтот за ноционална историја на Македонија, и е доделена првата (првпат) награда за најдобар труд од историските науки, што ја доделува Фондацијата „Михаило и Цвета Апостолски
*8 Ноември 1995 – Република Македонија официјално стана 38-ма членка на Советот на Европа.
* 8 ноември 1997.- Умре Миле Брзанов, македонски музички деец.
* 8 ноември 1997.- Умре Благој Кондарко, македонски просветен деец. Роден е во 1918 година.

* 8 ноември
2015 година (недела), се изврши откривање и осветување на Спомен-Крст во спомен на македонските
воини, присилно мобилизирани Македонци од Бугарија, Србија и Грција и на
настраданото цивилно население во Македонија во Балканските војни 1912-1913 и
во Првата Светска Војна 1914-1918 година.
Спомен-Крстот се наоѓа на ритчето
Свети Атанас, над истоимениот манастир, под црквата “Свети Димитрија“ во селото
Црнобуки, битолско.Иницијативниот одбор очекува идната година до крстот да се
изгради капела во која ќе бидат депонирани документи и имињата на сите загинати
Македонци во овие војни.