ква „Св. Димитрија“ – Скопје

0
159

Црквата Св. Димитрија е православен храм во Скопје, поранешна катедрална црква на Скопската епархија, посветен на великомаченик Димитрија. На нејзиното место имало стар храм, кој постоел уште од 16 век

 Црквата е многу стара. Во 1690 год. била напуштена, а од 1886 до 1894 година црквата била обновена и проширена. Црквата била изградена во форма на кораб. За време на поправките кои биле изведени на црквата бил уништен и стариот живопис и сите важни записи за црквата. Според пишани податоци се знае дека црквата постоела уште во средниот век, во некои периоди била катедрала и дека во неа била сместена Скопската Митрополија и Митрополијата на Пеќката Патријаршија. Во дворот на оваа црква сè до 1878 година постоеле и гробишта.

Скопската епархија, по укинувањето на Охридската архиепископија во 1767 година, се нашла под директна јурисдикција на грчката Цариградска патријаршија.

Во Скопје епархиските архиереи главно биле од грчко потекло, но, сепак, хеленизмот имал слаби позиции. Седиштето на Скопската митрополија се наоѓало во црквата Св. Димитрија. Скопската епархија по 1872 година се нашла во границите на Бугарската егзархија.

 Св. Димитрија е една од ретките објекти кој го избегнал палежот на Пиколомини 25 октомври1689. Во неговата припрата се наоѓа гробот на првиот поглавар на обновената автокефална Македонска православна црква, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Доситеј, а пред неговиот надворешен источен ѕид гробот на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Ангелариј.

Што се однесува до историјата на овој православен храм, таа и натаму останува тајна, поради уништувањето на стариот живопис за време на реновирањето на црквата во минатиот век и постојните поправки, доградби и новоградби, предизвикани како од природните катастрофи така и од воените и политичките збиднувања низ вековите. Но, и покрај тоа, сепак, речиси со сигурност може да се потврди нејзиното контирнуирано постоење од XIII век.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН -8 Ноември
Следната статијаМиладиновци

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука