Бобан,живее во Бујковци –Илинден ,основното образование го завршил во с.Миладиновци ,а средното угостителско во Лазар Танев -Скопје.
Од неодамна Бобан е во нова улога секојдневно како готвач во телевизиската емисија БРЗА КУЈНА на тв Сител-Скопје.

Инаку Бобан е Шеф готвач во ЕQUILIBRIUM-Скопје ,со неговите освоени награди ,мадали и признанија ,со полно право го сврстуваме во најстакнатите жители во Илинден,во оваа професија.
Големата љубов кон готвењето ја стекнал од својата најмала возраст гледајќи ја како готви неговата мајка во нивниот дом ,инаку таа работела како готвачка во Заводот за рехабилитацција во Скопје.
Бобан с о освоените награди и медаљи покрај личната афирмација во та област ,тој има голем придонес и за афирмација на нашата средина како Илинден во Македонија и на меѓународно поле.
Тој е член на врвната македонска екипа готвачи во здружението (MACEDONIAN MULTIETNIC CULINARY CHEF’s – MMCC),во состав: потпретседателите Зоран Мајновски, Никола Мишковски, потоа Дејан Карапеев, Бобан Симоновски, Зоран Андонов и менаџерот Асан Даутович предводени од претседателот Марк де Јонг.

Во досегашната работа во неговата професија Бобан постигна бројни успеси и тоа:
-На интернационалниот гастромански фестивал одржан во Будва –Црна Гора ,освоен златен медал.
-На меѓународниот натпревар за приготвување гулаш „Гулашијада-Тропања“во Свиллјанац –Србија ,освоено е првото место во конкуренција на 20 екипи од 10 земји.
-Освоен пехар на натпреварот „Куп бисера мора“на островот Брач –Хрватска.
А,една од поголемите награди на и македонскиот тим беше постигнат неодамна во во Босна и Херцеговина ,ово успех утредента во босанските новини осамна под насловот ,„РШУМ НА МАКЕДОНСКИТЕ ГОТВАЧИ“.На овој натпревар во конкуренција на повеќе од 120 врвни мајстори на кулинарството од Словенија, Хрватска, Србија, Гора, Романија и БИХ доминираа македонските готвачи.

Тие ја покажаа својата умешност во слаткарство (артистика и торти), подготвување на национално јадење на модерен начин, подготвување на јадења од риба и ресторански десерт, а финалистите за медалите се натпреваруваа подготвувајќи од зададени намирници- предјадење, главно јадење и десерт.
На ова натпреварување нашиот ,Бобан Симоновски освои златен медал и беше најуспешен во категоријата за приготвување риба и десерти ,а сребрен медал освои за национално јадење на модерен начин.

Инаку Бобан е чест гостин во пишаните медиуми и во утринските програми на повеќе наши национални телевизии,прикажувај ќи готвачки вештини.
Моментално, Бобан интезивно се припрема за неговиот настап на меѓународниот натпревар од светски карактер , кој идната година ќе се одржи во Турција.
Населба Илинден на Бобан му посакува успешна професионална гастроманска кариера.
Шефовите од здружението Macedonian Multiethnic Culinary Chef-M.M.C.C., Бобан Симоновски, Зоран Мајновски и Зоран Андонов, на годинешниот меѓународен фестивал „Бисер мора“ во Супетар, на Брач, освоија 3 место и пехар во тимско натпреварување.

Освен ова, шеф Бобан Симоновски,нашиот сограѓанин освои уште две сребрени медали во категориите за десерти и за тестенини.










































