Анѓела Јакимовска –Манекенка, Мисица, ТВ Водителка

0
1283

Анѓела е родена на 27.05.1996 година во општина Илинден, каде и живее, основното образование го заврши во ООУ Гоце Делчев,н.Илинден.

Во 2011 година Анѓела била Македонски првак по историја во Скопје и Македонија, освојувајќи го првото место на регионалниот и државниот натрпевар по историја.

Анѓела е првата Македонка којашто настапила на модниот викенд во Бугарија, во 2018 -тата година.

Анѓела во 2022 година била крунисана за ,,Мис на Земјата” , а откако отпатувала на Филипините,успеала да ја пласира повторно Македонија на еден од 5те официјални избори за убавина, после16 години пауза учество на Македонија на овој светски интернационален натрпевар.

Анѓела веќе извесен период е ТВ лице на емисијата посветена на Македонија и Македонците,емисијата ,,Везилка” којашто се емитува секое неделно попладне на Алфа телевизија.

Ова е нејзин втор телевизиски проект, а пред неколку години беше заштитно лице, односно водител наестрадниот магазин ,,Бекстејџ” .

Анѓела освоила бројни титули на избори за Мис, досега два пати освоила победа на избори за убавина во Македонија, а потоа започнала интернационална манекенска кариера патувајќи во Хрватска, Австрија, Турција, Финска, Австралија, неколку пати во Кина ( на натпреварот ,,Мис Модел на светот” таа се пласирала во финалистике) , потоа во Камбоџа ( на изборот за убавина,,Мис Туризам” повторно се пласирала во финалистките), во Хрватска (на изборот за убавина,,Мис Адриатик”

Анѓела била крунисана за заштитно лице на еден од најреномираните ресортиво Хрватска ), потоа во Либан ( на изборот за убавина ,,Мис Европа” Анѓела била крунисана за најзгодна Европејка ) во соседна Бугарија и Албанија, Анѓела неколку пати била крунисана за прва, втора и трета придружничка, а освоила и титула за Мис интелигенција за последно во Босна и Херцеговина да биде крунисана за ,,Мис на Земјата 2022”.

Анѓела досега имала соработка со многу реномирани брендови, а соработувала и со музичари оддомашната сцена но и со музичари од соседна Србија. Нејзин последен музички видео проект еспотот на Марија Микиќ за песната ,,Прозор”, каде што Анѓела добила главна улога.

Анѓела започнала и актерска кариера во Турската Серија ,,Балканска приказна”, а добила и ангажман во Македонската серија ,,Бистра Вода” којашто се емитуваше на Алфа Телевизија.

По професија Анѓела е дипломиран економист, дипломирала на Економскиот Факултет во Скопје,а своите студии ги започнала во Хрватска , на Економскиот факултет во градот Сплит. Таму ја започнала и својата маникенска кариера.-3

Моментално Анѓела е запишана на магистарски студии ,на Факултетот Човечки

Ресурси, на,,Универзитетот Скопје”.

Претходниот артикал,Oтварањето на зградата на УНИЦЕФ во Виена во 1980
Следната статијаПанорамска фотографија

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука