Иван Маркоски-посдипломец и успешен фармер

0
791

Меѓу успешните во својата професија-занимање ,  секако спаѓа и нашиот сограѓанин Иван Маркоски.  

Иван со своите 25 години,  го одбра земјоделието за негова  професија и  тука ја гледа својата  иднина, наместо во странство како што мислат голем број негови врсници.

Тој  е  дипломиран агроекономист, речиси пред крај со постдипломските студии по менаџмент…сето ова звучи неверојатно за младо момче кое би можело да се снајде било каде во светот, но за него изборот е Македонија .

Тука посветено работи на развој и надградба на семејниот бизнис – живинарската фарма „Фреш Фарм“ за производство на свежи јајца,лоцирана покрај автопатот Скопје –Куманово до железничката станица Илинден во населба Илинден.

Станува збор за една од најстарите земјоделски фирми, формирана во 1982 година од дедото на Иван,  Методија Велиновски-Мичо( таткото на мајката на Иван).

Во време кога било исклучително тешко да се биде визионер за сопствен бизнис, кога државата се  реорганизирала, во едно турбулентно време на приватизација, дедото на Иван,Методија со големи потешкотии во работењето , бил визионер решил и успеал да истрае.

Подоцна кон семејниот бизнис се вклучува и  ќерката на Методија Татјана  и нејзиниот сопруг  Горан (мајка и  татко на Иван )и заедно го минуваат тешкиот пат за да стигнат до тука – да имаат огромна фарма со 30 илјади кокошки несилки и да произведуваат речиси исто толку јајца дневно.

Сега фирмата е во рацете на третата генерација, а тоа е Иван, но за некое време целосно ќе се посвети и неговиот брат Александар , откако ќе ги заврши студиите за безбедност при работа. „Гледаме да успееме заедно, тоа е клучот “ вели Иван.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука