Македонските ора зазeмаат важно место во Македонскиот фолклор и традиција, тие се бројни и разновидни. Имињата на ората се изведени од имиња на места,лични имиња,животни,инструменти,видот на ората,начинот на движенње и обичаите. Едно такво оро е и Калајџиско оро кое е посветено на занаетчиите Калајџии,кои во изминатиот период кога се користеле бакарните садови во домакинствата,оделе од село во село и ги калаисувале истите. Ова оро е во сложена ритмичка линија од единаесет шеснаестини и самото по себе претставува бисер на Македонската традиција. Ова оро е омилено помеѓу македонските инструменталисти и истото е изведени во повеке верзии и нема Културно Уметничко Друштво кое го нема во својот репертоар.. Еве една верзија во изведба на нашите музицари аматери Зоран Трпевски и Перо Владевски.

Претходниот артикал,РАДИО СТАНИЦА, ХИПОДРОМ·-МАЏАРИ
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН- 17 СЕПТЕМВРИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука