Историјатот на оваа скопска улица датира од почетокот на XX век, или поточно од 1911 г. кога во посета на Скопје дошол тогашниот султан Мехмед Решад.

Во чест на доаѓањето на султанот, скопските градски власти изградиле нова улица која водела од Железничката станица до Камениотмост. Оттука улицата била наречена Јени џаде или Нова улица. Инаку низ историјата промениламногу имиња; најпрво се викала Јени џаде (Нова улица), Набргу потоа, таа е именувана по претходникот на Мехмед Решад, односно во улица „Султан Хамид“. За време на Првата светска војна се вика „Цар Фердинанд“, од 1922 година „Краљ Петар“, додека од 1942 година „Цар Борис“. Најдолго го носи името „Маршал Тито“, што го добива по ослободувањето, а во „Македонија“ е преименувана во 1993 година.