ГОЛЕМ УСПЕХ НА АТЛЕТСКИОТ ТИМ„ИЛИНДЕН“НА ДЕНЕШНИОТ ПОЛУМАРАТОН „ТРЧАМЕ КОН ЦЕЛТА“
Денес нашиот атлетски тим „ИЛИНДЕН “ предводен од еден од најдобрите млади атлетичари од Илинден , Петре Завировски го освоива второто место на традиционалниот полумаратон „Трчаме кон Целта“
Полумаратоот се одржа на кејот на реката Вардар, нашата екипа „Илинден, составена од Петре Завировски, Момчило Ристовски и Јованче Цаневски настапи на штафетниот полумаратон 3х7км и го освои второто место со фкупен резултат 1:24:40. Петре Завировски своите 7км ги мина за 27:11 минути. Момчило Ристовски за 29:00 минути. Јованче Цаневски со време од 28:27 во финиш го донесе второто место за Илинден победувајки ја Струмица 2, за eдна секунда.
Спонзор на нашата екипа беше нашата реномирана компанија за месо и месни производи „Атанасовски“.








































