Големо признание за тројца наши сограѓани-ракометари

0
489

 

Тимот на Вардар во вторник на 27 април го очекува мечот со српскиот шампион Војводина, кој е последен од групната фаза во регионалната СЕХА лига.

Тренерот Стевче Алушовски ќе смета на шестмина кадети од генерацијата 2003/04, кои веќе се пријавени за настап во регионалното натпреварување.

За нас е особено важно тоа што меѓу новоповиканите шестмина кадети за мечот со Војводина тројца се наши сограѓани и тоа

 Голманот Никола Спасовски (17/181/78), пивотот Александар Стојменов (17/85/181) и десното крило Матеј Трајановски (17/80/180).

Тројцата својата ракометна кариера ја започнаа во Ракометната школа Илинден,под водство на нашите сограѓани и врвни спортисти –ракометари ,брачниот пар Алексанндра и Дарко Јаневи.

Натпреварот против Војводина се игра на 27 април со почеток во 17:00 часот.

Населба Илинден на РК Вардар му посакува успех во овој меч,а нашите ракометари успешен настап .

Претходниот артикал,4-в,одделение,ООУ Гоце Делчев-1989/90
Следната статијаСвети Методиевото дрво во Охрид

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука