Орде Стевковски,потекнува од староседелскиот род „Бејтовци“ и припаѓа на првата генерација фудбалери на ФК Илинден, кога фудбалерите настапуваа во скромна спортска опрема, често и во различни дресови или пак гаќички иако се од иста екипа .
Но,сепак ова се 50-те години од минатиот век инаку Орде настапуваше како навален играч ,со одлика на брз играч,со дриблинг продори и голгетерски способности.








































