Андреј Милчевски –се занимава со спортот Street Workout.
Роден е на 11 -07-1999г.,живее во Бунарџик-Илинден.
Оваа спортска дисциплина е мешавина од гимнастика ,паркур и акробатика и најмногу се практикува како улична гимнастика.
Со овој спорт се занимава веќе 3 години , со голема заинтересираност и посветеност кон спортот,започна да вежба на почетокот базично и нормално а со тек на време почнал да ги усовршува склековите и да праваи тешки ектремни елементи кои се против гравитацијата.
До сега Учествувал на два Street Workout натпревари, првиот – 2016 учествуваше повреден и го освои 5- место, а сега во 2017 на вториот меѓународен натрпевар во Куманово го освои 4-то место.
До совладување на вака тешките вежи кои се спроиставуваат на гравитација та Андреј ги постигна со секојдневни вежби, по два тренинга на ден (1 тренинг = 1 саат).
Од досегашните постигнувања тиј е задоволен ,а се надева дека ќе постигне многу повеќе во иднина и дека ќе ги исполни нормите да се натпреварува на Светското Првенство во Русија.
Населба Илинден на Андреј му посакува успех во овој несекојдневен и тежок спорт








































