ФК Илинден од секогаш на своето постоење има одлични голмани.
Аце Соколовски беше неприкосновен во својот шеснаестник,тој беше негов простор и еднакво успешен во одбрана на сите високи,ниски ,со глава или други удари кон неговиот гол, за него тие беа лесен плен.

Бранеше во 60-те години од минатиот век, а во еден период беше и на мета голем број македонски лигаши ,па дури и на ФК„ Марибор“прволигаш во тоа време.
Беше идол на многу млади голмани од нашава средина.







































