Преподобен Прохор Пчински

0
21

Свети Прохор Пчински е роден во Македонија, во областа Овче Поле, од благочестиви родители Иван и Марија. Кога одраснал неговите родители посакале да го оженат . Еден ден кога бил на Литургија при читањето на Евангелието ги слушнал зборовите;„ Кој го сака таткото или мајката повеќе од Мене, не е достоен за Мене. Кој остави… или жена или деца… заради Моето име ќе прими стократно повеќе и ќе наследи живот вечен!“ (Мт 10, 37). Свети Прохор се трогнал од тие зборови, заплакал во душата и се помолил на Бога да го постави на патот кон спасението. И штом излегол од црквата се упатил во планината.

Како што еленот се стреми кон водни извори (Пс. 41, 2), така и свети Прохор се устремил кон горската пустина од каде може непрестајно да пие од непресушливиот извор на живата вода, та се населил во горската пустина Нагоричанска во Жеглиговскиот крај-Кумановско,(20 км од Куманово) каде нашол пештера и покрај неа мало изворче.

Храната му се состоела од диви плодови, треви и корења,и притоа јадел едаш во седмицата.

Бидејќи се молел за тоа, Бог му го покажал местото на неговиот подвиг. Тоа место било, во денешното село Старо Нагоричани, а потоа на брегот на реката Пчиња, над селото Пелинце, Кумановско. Свети Прохор се подвизувал таму до старост и до својата смрт.

Само Едниот Бог знае за сите негови подвизи и искушенија што ги претрпел во текот на овој живот. Но според неговите мироточиви мошти и безбројните чудесни исцеленија, коишто и денес не престанаа, може да се суди за големината на Божествената благодат што му ја подари Бог за неговите големи страдања.

Свети Прохор се упокои и се пресели во Царството Небесно во 9 век.

Претходниот артикал,УСПЕШЕН НАСТАП НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Следната статијаПетар Трајановски – млад фудбалер

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука