СКОПСКА КОТЛИНА, НЕКОГАШ БИЛА ГОЛЕМО ЕЗЕРО.

0
1714

*Граници  на скопската котлина  допираат до Косовската Котлина на северозапад, Полошката Котлина на запад и Кумановско-Прешевската Долина на север. Наоѓајќи се во продолжение на Вардарската Долина, Скопската Котлина е ориентирана во правец североза-пад – југоисток. Во тој правец се протега во должина од 47 км, а ширината28 км. Зафаќа површина од 2.100км2.

Јаките тектонски движења на земјината кора придонеле во некој стар  период да се формира големо  Езеро.

Површината на Езерото во одредени периоди се качувала и до 900 метри. За време на високото ниво, Скопското Езеро било во непосредна врска со сличните езера во околните котлини (со Кумановско-Прешевската Долина, додека најтесни врски ова Езеро имало со езерата во котлината на средното Повардарје и тоа со Велешкото и со Овчеполското Езеро). Директната врска помеѓу овие езера била кај денешната Таорска Клисура. Таа врска продолжила да постои и тогаш кога нивото на Скопското Езеро, со кое врската ја изгубило кога нивото се спуштило под 500 метри. Тогаш Скопското Езеро се одвоило од Егејското Езеро и неговото опстојување зависело од средновардарските езера.

Големото Скопско Езеро истекло и се исушило пред скоро еден милион години, а траел до пред 14.000 години. Неговото исушување се должи најверојатно на силните тектонски потресина земјината кора, кога рабовите на Езерото опуштиле и се расцепиле, по што водата слободно протекла преку Таорската и Бадарската Клисура надолу кон Егејското Езеро.

Преземено од книгата на Петар С. Јовановиќ„Релеф скопске котлине“-1931 година.

Претходниот артикал,Атлетика
Следната статијаНовица Трајковски-Академски сликар

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука