Бранко Георгиевски-фудбал

0
663

*Бранко Георгиевски, фудбалер и тренер
Потекнува од фамилијата Колеви. Роден е во 1950 година во Илинден, каде и денес живее. Својата фудбалска кариера ја започнува многу млад и се уште неполнолетен во ФК “Илинден”. Затоа, управата на клубот користеше разни методи за ја фалсификува годината на раѓање за тој да може да игра во првиот тим на клубот. Неговата квалитетна игра многу бргу беше забележана од менаџерите на клубовите од повисок ранг. Се редеа понуди и барања тој да заигра во афирмирани фудбалски клубови во Македонија. Сепак, за почеток, тој во 1970 година избра да игра и стана член на ФК “Металург”. Покрај настапувањето за ФК “Металург”, тој, истовремено, доби прилика да го дооформи своето образование и редовно да се вработи во “Железара-Скопје”, која, пак, била основач и спонзор на клубот. По успешното настапување во овој клуб, Б. Георгиевски во 1975 година повторно се враќа да игра за својот матичен ФК “Илинден”. Со неговото враќање, клубот успеа да се консолидира и во 1976 година да влезе и да се натпреварува во Скопската меѓу општинска лига. Истата година се враќа во ФК “Металург” и таму останува до 1980 година. Оваа година повторно, на повик на својот матичен клуб, се враќа во Илинден за да му помогне на клубот да влезе во повисока натпреварувачка сезона. По неговиот успешен настап како тренер и играч, ФК “Илинден“, конечно, истата година влегува во Вардарскиот Регион. По завршувањето на својата фудбалска кариера тој се посвети на тренерскиот позив и беше еден од заслужните кога ФК Илинден влезе во втората лига на Македонија во 1995/96г.Во неговата богата 25 годишна фудбалска кариера и, најмалку, 20 годишното носење на капитенската трака во ФК “Илинден“ и ФК “Металург“. Самиот факт што тој, во својата 25 годишна кариера нема добиено жолт картон или пак исклучување, зборува за неговата личност пред се како човек, а потоа и како спортист.

Претходниот артикал,Гоце Георгиевски-Ракомет
Следната статијаКиро Бошковски-фудбал

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука