Данчо Јовчевски –параглајдерист,живее во Бујковци –Илинден . Бил член на воздухопловните сојузи на Југославија и Македонија,а денес е пилот инструктор по параглајдерство. Покрај многуте спортски поединци и клубови во нашата средина постои и школата за обука на пилоти на параглајдери, која е во состав на Параглајдерскиот клуб „Вертиго“ од Скопје. Клубот своите активности ги иззведуваат на територијата на Ајватовци според нивни кажувања постојат идеални услови за овој вид на спорт, за обука на членовите на клубот. Клубот брои повеќе од 50 членови и секојагодина има се поголем интерес за овој спорт. Активни членови на параглајдерскиот клуб „Вертиго“се и неколку пилоти на параглајдери од нашите населени места и тоа: Данчо Јовчевски, Александар Јовчевски, Боби Ставревски, Александа Ивановски,Николина Јовчевска Филип Илиевски и други. Клубот со своите активности придонесува за зближување на младите и нивно правилно насочување кон спортот и грижа за животната околина.








































