Диме Ангеловски-фудбал

0
1279

*Диме Ангеловски   роден е 1980 година во Илинден. Тука, во 1995 година, ја започна својата фудбалска кариера како фудбалер во ФК “Илинден“. Најпрво играше во подмладокот на клубот, а потоа беше стандарден првотимец и голгетер на клубот.

Неговите фудбалски и голгетерски квалитети брзо беа запазени од менаџерите на повеќе клубови од Македонската лига. Сепак, тој, во 1998 година, се одлучи да настапува за ФК “Силекс“ од Кратово.

Таму настапуваше до 2000 година, кога, по извршениот трансфер, се префрли и продолжи да игра за ФК “Брегалница“ од Делчево.

Од 2000 до 2002 година се префрли и играше за ФК “Брегалница“, член, најнапред на Втората, а потоа и на Првата фудбалска лига на Македонија. Како капитен на ФК Брегалница , тој со постигнатите 24 гола во првенствените натпревари, воедно, беше прогласен и за голгетер во Втората  македонска лига.

Од 2002 до 2003 година својата фудбалска кариера ја продолжи на меѓународно ниво, најпрво во второлигашкиот ФК “Капошвар“ од Унгарија, а потоа и во Шведска, настапувајќи за повеќе клубови од понизок ранг.

Диме во еден период  активно членуваше  и играше во ФК “Вардар“ од Гетеборг, Шведска, во кој, покрај него, настапуваат и многу македонски иселеници.

Во 2018  Диме Ангеловски од Илинден и Марјан Трајановски од Кадино, беа  успешни   сега како  фудбалски тренери на тимот IF Vardar Makedonija,клуб на нашите иселеници во Гетеборг –Шведска.

Моментално Диме ,поради други ангажирања е надвор од фудбалските терени ,но познавајќи неговата љубов кон фудбалот, сигурно тој пак ќе му се посвети на фудбалот.

Претходниот артикал,Иван Маркоски-Карате
Следната статијаСлаве Радовски-фудбал

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука