Фотографија стара 100 години

0
664

Фотографија од почетокот на 20-те години од минатиот век.

Направена е во Манастирот Св. Пантелејмон во с Г. Нерези-скопско каде се одвивала наставата , односно каде било училиштето за децата -ученици од Горно Нерези.

На фотографијата се учениците од прво до четврто одделение, кога  сите  ученици имале еден учител, а наставата истовремено се следела во една училница.

А, наставата се обавувала така што учителот на едно одделение им давал задача да пишуваат краснопис, на другото одделение да цртаат,на третото да читаат и си преповторуваат четива во себе ,а не на глас и четвртото сметање или пак испрашување.

Тоа било време кога учителот бил најголем авторитет во селото, неспоиво било учител да се занимава и со други дејности, да видиш учител да ора,копа или на пазар да продава,туку едноставно тој бил авторитет и кој се држел до високите стандарди на учителот.

Тој бил тој што  знаел се’ и за секаква помош селаните ја користеле неговата услуга.

Во селото никој не правел слава или свадба без учителот да му биде гостин на веселбата.

А,учениците како што се гледа машките шишани „нуларица“, а девојчињата како кукли по сите тогашни норми и можности.

Претходниот артикал,КРШТЕВКА-Обичаи и верувања
Следната статија16 Декември 2006 почина Гоце Николовски

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука