Роден е и живее Марино -.Илинден, основно училиште заврши во „Гоце Делчев“-населба Илинден .
Го заврши средното училиште СЕТУГС “Михајло Пупин” – Скопје и беше ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА, потоа се запиша и дипломира на Универзитет “Св Кирил и Методиј” во Скопје – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство. . Денес е дипломиран иформатичар кој со голема љубов и посветеност ја работи својата професија.

Инаку онаа народната поговорка дека круша под круша паѓа ,во случајов е целосно потврдена ,затоашто Филип е син на Слободан и Снежана и двајцата страствени планинари, како членови на ПК “Црна Гора”
Како средношколец беше најдобриот планинар, член на историско – планинарската секција при училиштето изкаѓувааше особена љубов кон планината.
За само една година ги помина сите планинини во околината на Скопје, а во текот на летниот период заедно со неговиот Професор Мирослав Бошковиќ ги освои највисоките врвови во Македонија и тоа: Титов врв, Кораб, Љуботен, Солунска Глава, Пелистер…Уште во II година, беше планински водич на на помладите ученици. На средношколските игри на Водно, 2013 г., во дисциплината „Потрага по скриеното богатство„ , успеа да се искачи победничкиот трон.

Подоцна ги освоил и врвовите Веливар, Убава, Гoлем Крчин, Руен, Убава, како и највисоките врвови на Балканот: Мусала, Вихрен и Олимп.
Во 2014 г. беше водич на Кораб и Титов Врв на една меѓународна планинарска група, од која доби пофалби за водството.
Во 2017 г. настапи за репрезентацијата на Македонија на Светското првенство во планинско трчање во Кремона, Италија.
За Монографијата на училиштето го напишал текстoт: “ Почетоци во планинарството ” Уште од мали нозе со семејството и пријателите одевме во викендици и прошетки.
Уште, кога се запиша во Средното електротехничко училиште “Михајло Пупин” – Скопје покрај љубовта кон компјутерите и техниката, во второто полугодие од првата учебната година (Јануари 2012 година) се запозна со историско – планинарската секција водена од професорот по историја во училиштето Мирослав Бошковиќ.Секцијата секој викенд организираше посета на различни историски и културни споменици, која го привлекла во таа секција на планинарењето.

Љубовта кон планината и природата во него постоела уште како мал, но дури сега ја доби шансата да избувне. Неговите почетоци се случија во зимскиот период во годината.Поради условите кои беа, односно несоодветната опрема и искуство за зимски услови што ги поседувал, зимата ја поминал на планината Водно, стекнувајќи ја психофизичката кондиција и првите искуства.
Со почетоците на пролетта, па се до крајот на учебната година задно со тимот на секцијата која ја сочинуваа ученици од сите четири години, успеал да ги искачи сите планини во околината на Скопје
Поради неговата амбициозност за време на летниот распуст заедно со професорот ги искачил врвовите Љуботен(2499м), Солунска глава (2542м) и Пелистер (2601м).Во почетокот на втората учебна година тој за прв пат бил водич, на околу четириесет члена група професори и ученици од училиштето. Групата ја прошетал на релација Матка – Водно.

Како член на клубот ПК “Црна Гора”Скопска запознал добри луѓе и повеќе професионалци како што беше неговиот професор Миро. Оддтогаш почнал да се занимава со повеќе спортски дејности како што се: Велосипедизмот, Трчање, Планинарење, Преживувањето во природа исто така многу му се допаѓаше, присуствувал на семинари за маркацисти и водичи во планина,се стекнал со професионални искуства и опрема,одлична физичка и психичка кондиција и голем број пријатели.

Кога сме кај прошетаните дестинации, го поминал поголемиот дел од Македонија, исто така ги искачил и највисоките врвови како што се: Голем Кораб(2764м), Титов врв(2747м), Бакардан(2700м), Пелистер(2601м), Солунска глава(2542м), Љуботен(2499м), Веливар (2.373м), Убава(2353м) ,Голем Крчин (2.341м), Остри врв(2275м), Руен (2252м) и многу други врвови . *4
Голем број од врвовите ги искачил и по неколку пати, а поголемиот дел од нив и во зимски услови. Благодарение на предходно стекнатото искуство, заедно со неговиот ментор во планинарството професорот Миро Бошковиќ водевле група на Хрвати и Германци на двата највисоки врва во Македонија, Кораб и Титов врв кои презадоволни од него и го прогласија за меѓународен водич.
По искачувањето на трите највисоки врва на Балканот,исто така Филип планира да се искачи највисоките врвови на Африка и Европа,тоа се :Килимаџаро (5895м), Елбрус (5642м) и Монт Блан (4808м), а за Монт Еверест останува да се види

Најблагодерен пред се е на неговите родители, роднини, пријатели, планинарскиот клуб и училиштето со професорот Миро за пружената поддршка. Додека негова омилена локација нема да биде Монт Еверест, ниту Мон Блан, ниту Кораб туку кривопаланечкиот дел вклучувајки ги планините Герман, Билино и Осоговски планини каде има спомени од најраното детство.
Благодарност до Проф. Мирослав Бошковиќ за неговиот придонес со информациите кои послужија за оваа објава.
Населба Илинден на Филип му посакува успешна спортска кариера.