Милан Панушковски

0
122

МИЛАН ПАНУШКОВСКИ- (03.03.1933 – 07.07.2007,малку чудно совпаѓање на бројкиве),потекнува од родот Раеви-Панушкови) ,поранешен долгогодишен фудбалер и тренер на ФК„Илинден“
Тој е еден од основоположниците на современиот фудбал и еден од основачите на ФК „Илинден“од Илинден .
Непосредно по ослободувањето 1945г. населението организирно од Селско земјоделските задруги (СРЗ) во тогашно Белимбегово, формирале повеќе секции за развој на селото ,а особено за младината. Меѓу останатите секции во 1948/49 г .била формирана и фискултурната секција ,која се смета како основа за формирањето на ФК„Илинден“,кој се формирал некоја година подоцна.Но сепак како година на формирање се смата годината на формирањето на фискултурната секција,со оглед на тоа што во фискултурната секција пред се се праkтикувал фудбалот, нашто покасно и други спортови.
Инаку се знае дека во тоа време Милан посетувал предвојнички обуки во Скопје и поради тоа често доаѓал дома,така на едно доаѓање ја донел и правата „вистинска“фудбалска топка –ФУДБАЛОТ во Илинден.,Постои и друга верзија дека покрај топката донесена од Милан ,исто така во истиот период вистинска топка -фудбал донел и Тоде Стојановски , жител на Илинден.
Од формирањето на ФК „Илинден“, Милан во својата рана младост,па се до седумдесетите години тој живееше со ФК„Илинден“,најпрво како фудбалер ,а потоа како тренер.
Надимакот –прекарот „ШПИЦ“, го доби по ИЛЕШ ШПИЦ –унгарец ,фудбалски тренер ,кој успешно го водеше скопски Вардар во педесетите години на минатиот век.
Првите младинци -фудбалери од селото, кои започнале да играат фудбалски натпревари со вистински фудбал, а не како дотогаш со топка од крпи, била генерацијата : Милан Панушковски , Јован Велковски, Стојан Станковиќ, Орде Стевков, Трајче Костадинов, Бошко Арсов, Бранко Арсов, Благоја Савев, Краљо Савев, Феби Бајрамов, Аки Шабановски, Војко Дончевски, Трпе Аџиевски, Санде Маџунков и неколкуте воени старешини и војници од касарната во селото, Дурковиќ, Франц, Фердо, Крцо и други.
Пред НОБ ,младите со обични импровизирани топки ,фудбал играле на просторот од денешната зграда на општината до новиот дом ,овој простор тогаш бил селско гоедариште.
По војната, фудбалските натпревари се играле на спортските терени во кругот на воената касарна, која, во тоа време, се наоѓала на местото каде денес се наоѓа складот Макпетрол. Првото фудбалско игралиште, наменето за потребите на војската, кое истовремено го користеле и младите фудбалери од селото, било игралиштето во близина на хангарите за сточна храна и Железничката станица “Илинден“.
Со изградбата на автопатот ова игралиште беше опфатено за изградба на автопатот и од тогаш(1960г.)почна да се игра фудбал на јурија на денешнава локација .
Целта на оваа објава е да се запознаеме како било ,и едно мало внимание за Милан Панушковски, кој даде голем придонес за фудбалот во Илинден.

Претходниот артикал,Трајче Ваневски
Следната статијаДраган, Живко и Миле ’79г

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука