Одбележување на Духовден низ времето,во Илинден

0
1354

Православните христијани денеска празнуваат Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден).Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на починатите. На овој ден вообичаено се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за упокоените.Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“.

Во недела,  по полноќ околу 2-3 часот сабајлето секое семејство одеше на гробишта. Се обиколуваа гробовите мавтај ќи со млади гранки од оревово дрво, со кои се поминува целото гробно место,со верување дека специфичниот мирис на оревот ги буди мртвите,го буди нивниот дух. Порано се носеа бардачиња и каленици од глина, кои се полнеа со јагоди и цреши. Сега тие се заменети со стаклени или керамички садови кои може да држат вода, а се даваат на најдобриот пријател на покојникот. Важно е еден од продуктите што се даваат за душа на покојникот да биде домашен, односно да е замесено лепче или пита или нешто што многу го претпочитал покојникот.


Задушница, заедно со обичајот Духови, е празник кога живите се молат и им оддаваат почит на мртвите, бдеат преку ноќ на гробовите, раздаваат “за душа”, да им се најде на оној свет.
По обавување на обичаите ,кои се одвивале над гробот на своите починати , порано сите присутни седнувале на заедничка „трпеза“- наседнати на земја, при што секоја од домаќинките раздавала одредени предмети Бардачиња и други глинени производи,тањири ,чаши,храна и друго за да им се најде на покојните.И денес раздавањето на такви предмети се изведува ,само тоа се прави на друг начин.
За овој обичај во последните години од црковни лица се погласно се пропагира дека треба да се напушти и дека овој чин треба да се обави во сабота претпладне,дека тоа отстапува од црковните правила-закони,но сепак тој обичај во намален број на посетители  се уште се практикува како порано во раните утрински часови во недела.

 

Претходниот артикал,СКОПСКА ЦРНА ГОРА -НИЗ ФОТОГРАФИИ
Следната статијаМакедонските ракометари вечерва против репрезентацијата на Грција

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука