Илина и Ева нижат гимнастички успеси

0
8

Голем успех нашите Илинденски-Македонски  девојчиња, сестрите  Илина и Ева Соколовски, кои живеат и дсе натпреваруваат во Геманија.

Илина и Ева настапуваа на два турнири по ритмичка гимнастика   во Германија, на кои Илина два пати се закити со злато, додека Ева, според поените се пласира во финалето на Германија, кое ќе се одржи идната недела.

По турнирот  Илина замина за Баку, Азербеџан на подготовки за Евроското првенство , кое ќе се одржи од 20-25 мај во Будимпешта, а на кое ќе се бори за пехар за Македонија.

Илина се  надева дека Македонија ќе ја претставам во најдобро светло,на ова првенство.

Инаку Илина веќе наполни 17 години и речиси  една деценија спортуваа  ритмичката гимнастика, каде постигнува успеси. Настапувала на многу интернационални натпреварувања, каде се закитила со медали, а и повеќе години е и дел од Бундес лигата во Германија.

По стапките на својата сестра зачекори и нејзината помала сестра Ева која има 14 години и досега во нејзината категорија реди само успеси.

Претходниот артикал,Баба Круна со внуката Костадинка и Верица
Следната статија28- Април- 2001, Масакар во Вејце

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука