ЗОРАНЧО ГРИОВСКИ-ХОКЕЈАР
Најпрво кога ќе го видите насловот ХОКЕАР за наша средина малку чудно ,но вистина е!
Откако ќе видиме дека тој е роден во САД ,а израснат во Германија ,состојбата ќе Ви се поразјасни.
Зоранчо од 2004година е наш сограѓанин , живее во Марино-Илинден .
Љубовта на хокејот се родила затоашто во местото во Германија каде пораснал во зима традиционално се играло хокеј.
Настапувал како играч хокеј со ролерки во првата германска лига ДИХЛ и баварската лига БИХЛ.
Во Македонија од 2010 Хокејарската Федерација на Македонија, прави обиди да го врати хокејот и кај нас. Денес е актуелен Директор на репрезентацијата на хокеј на ролерки и се туди да помагне организациски секаде каде што може.Во постојана врска е со со македонската дијаспора , со наши хокејари кои живеат и играат во многу зеји низ светот .
Од претходната сезона активно игра само пријателски турнири/натпревари и државно првенство на Македонија .
Зоранчо е поранешен играч на ХК Металург Скопје на мраз и ролерки.
Како играч на ХК Металург свои титула на Балканската хокеј лига БАХЛ во 2015 година, и второ место на државното хрватско првенство во Хрватска во 2015.
Исто така настапуваше на три квалификации за СП за македонската репрезентација на хокеј на ролерки и првиот историски пријателски натпревар на мраз против Бугарија во Скопје во декември 2014 г.
Денес на Зоранчо една од најголемите желби муе да заживее хокејот во Македонија ,за што покрај желбата ,секако потребни се услови за тој спорт,државата треба да создаде основни услови за тоа ,спортски терени за хокеј.








































