НА ДЕНЕШЕН ДЕН-27 ЈУЛИ
*27 јули 916.- Во Охрид се упокоил Свети Климент Охридски, средновековен писател и педагог, ученик на светите Кирил и Методиј, основоположник на Охридската книжевна школа, прв словенски епископ во Македонија, патрон на градот Охрид и на Македонската православна црква. Роден е околу 830 – 840 година.

* 27-ми Јули 1883 година во Велес, роден е Панко Брашнаров во семејството на Тодор и Коца Брашнарови, како четврто дете после браќата Димитар, Јован и Милан.Во почетокот, од 1900-тата до 1908-мата како национален борец е член на ВМРО во групата на учителот Андон Димов, а по Младотурската револуција (1908) Брашнаров ги прифаќа социјалистичките идеи, кои за него биле остварување на неговиот идеал – решавање на македонското прашање и ослободување на Македонија.

*27 јули 1927.- Во село Лавци, Битолско, е родена Фана Кочовска – Цветковиќ, најмлад народен херој од НОВ, носител на партизанска споменица 1941. Почина на 17 април 2004 година.

*27 јули 1946 Стрелана е Мирка Гинова — борец од времето на Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција. Заедно со илјадници македонски и грчки патриоти, се борела против фашистичките окупатори на Грција, а подоцна и против силите на реакцијата и монархофашизмот. Мирка Гинова е првата жена стрелана во Грција од политички причини. Родена е воРусилово, Воденско, 1916- Ениџе Вардар Со почетокот на фашистичката окупација на Грција од април 1941 година, уште повеќе се влошилa положбата на Македонцитево Егејска Македонија. Мирка Гинова се приклучила во редовите на ОКНЕ и младинската организација ЕПОН. По ослободувањето на Грција, новата власт започнала да ги прогонува членовите на отпорот. Членовите на ЕЛАС биле масовно апсени, затворани и подложени на невидена тортура, а особено македонското население во Егејска Македонија било подложено на репресалии. Во 1945 година, Мирка Гинова се приклучила на Тајната ослободителна македонска организација (ТОМО) и при избувнувањето на Граѓанската војна во Грција учествувала во вооружените групи на Народноослободителниот фронт. На 6 јули 1946 година, во местото Долга Ливада на планината Почеп, во близината на Воден, Мирка Гинова формирала мал партизански одред. Набрзо, во една акција на 400 грчки жандарми и војници, одредот бил опколен и започнала борба во која Мирка Гинова (која единствено била вооружена) убила двајца жандари. Кога останала без муниција, била заробена, заедно со шестмината свои другари. Притоа, жандарите брутално се нафрлиле врз неа и, со распарчена облека и целата облеана во крв, ја носеле по улиците на Воден, но таа одела со исправена глава и цело време им се смешкала на луѓето кои се собрале да ја видат. Потоа, започнало ужасно мачење во кое Мирка Гинова била тепана со дрвени колци, кундаци и метална жица, под ноктите ѝ забивале шајки, а низ телото ѝ спроведувале струја. Потоа, таа била жива закопана до висина на вратот, додека жандармите пукале над нејзината глава Потоа, таа била жива закопана до висина на вратот, додека жандармите пукале над нејзината глава. Потоа, Мирка Гинова и шесте нејзини другари биле спроведени во Ениџе-Вардар. На судењето кое се одржало во градското училиште на 25 јули 1946 година, воениот суд ја осудил на смрт со стрелање На судењето кое се одржало во градското училиште на 25 јули 1946 година, воениот суд ја осудил на смрт со стрелање. Заедно со другите соборци, Мирка Гинова била стрелана на 27 јули 1946 година. Покрај неа, биле стрелани и: Ристо Стојанов (45), Томе Мијангов (55), Георги Проев (25), Петре Поп Димитров (35), Димитар Лимбов (40) и Горгиос Муцакис – Алеко. За време на судењето, таа ја покажала сета своја храброст. Иако свесна за последиците, пред судот во своја одбрана изјавила:
“Mакедонка сум и верувам во ГКП, бидејќи само таа партија ги претставува желбите на луѓето во Грција и гарантира за Македонците еднакви права со сите други. Се борев против Германците … и сега сум горда дека умирам, бидејќи се борев против новите окупатори.”
*27 јули 1963 година, од Републичкиот штаб за отстранување на општа опасност било издадено следното соопштение: „За да се отстранат последиците од земјотресот кој го зафати градот Скопје и околината и да се обезбеди спасување на затрупаните граѓани, да се расчистат рушевините и да се отстрани опасноста од епидемија, се превземаат следните мерки: Се задолжуваат сите машки лица од 18 до 55 години од подрачјето на град Скопје, Тетово, Велес и Куманово, да учествуваат во расчистувањето на рушевините и спасувањето на загрозените лица. Се повикуваат и корисниците на технички средства и возила кои можат да помогнат во несреќата…“

*27 јули 1981.- Почна со работа новата Железничка станица во состав на Транспортниот центар во Скопје. Последниот воз од Старата железничка станица замина во 11 часот и 30 минути, а првиот воз на новата железничка станица стигна во 12 часот и 35 минути.

*27 јули1983 во Струмицa ,роден е Горан Пандев — истакнат македонски фудбалер, моментален капитен на Македонската фудбалска репрезентација. Тој истотака е и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Македонија и тој е еден од најдобрите фудбалери во Република Македонија. Пандев е двапати избран за најдобар спортист на Македонија: во 2007 година и во 2010 година,Денес настапува за италијански прволигаш
*27 јули 1984.- На патот Скопје – Приштина, во сообраќајна несреќа загина Вецко Домазетовски, македонски писател, литературен критичар и новинар. Роден е во Белград, на 10 јануари 1950 година.
*1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на курсот за дообука, во касарната “Кузман Јосифовски – Питу” бил одбележан почетокот на високото воено школство во Република Македонија.
*27 јули 2001.- Умре Ацо Петровски, филмски работник, продуцент и режисер. Беше претседател за кинематографија во владата на Н.Р Македонија во 1947 година. Ја формираше Кинотека на Македонија и беше нејзин прв директор. Има режирано повеќе документарни филмови: „Велигденски адети“, „Галичка свадба“, „Азот“, „Дервиши“ и други. Продуцент е на играните филмови: „Време без војна“, „Најдолгиот пат“, „Оловна бригада“, „Татко“, „Дубровски“ и друго. Роден е на 12 мај 1923 година во Тетово.