Димитар Трајановски-Атлетичар

0
132

ДИМИТАР ТРАЈАНОВСКИ -АТЛЕТИЧАР ,член на MC Running team
Димитар Трајановски ,млад атлетичар ,член на MC RUNNING TEAM,предводени од искусниот Игор Јакимовски е младиот наш атлетичар кој најавува успешна атлетска кариера.
Тој е на 15 годишна возраст ,поседува огромен талент и „трча“по стапките на нашиот најуспешен атлетичар Дарио Ивановски.
Неговите успеси од учеството на досегашните трки во минатата сезона е на просекот на некои млади сениори ,за наши македонски услови.
Покажува голема посветеност на тренинзите и максимално се ангажира да ги исполни програмите и задачите зацртани од неговиот тренер.
Дисциплиниран и мотивиран се неговите одлики и особини ,кои придонесоа во некои од трките на 3 км.да ги симнат досегашните норми за неколку минути.
Талентот ангажирањето и максималната посветеност се добар показател, дека преку неговите резултати во MC RUUNING TEAM се раѓа нашиот нов Дарио.
Тимската работа во MC RUUNING TEAM и планот на предводникот на тимот Игор Јакимовски насочена е кон младиот погон на тимот ,засега се им оди според планот и зацртаното .
НАСЕЛБА ИЛИНДЕН НА ДИМИТАР ТРАЈАНОВСКИ И MC RUUNING TEAM ПОСАКУВА УСПЕХ!

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука