Ева Соколовска -11 натпревари 11златни мадали.

0
723

ЗЛАТНОТО ДЕВОЈЧЕ ОД ИЛИНДЕН

 Ева Соколовска ќерка на нашите сограѓани Јасмина и Горан Соколовска,кои се на престој и работа во Германија.

Ева на републичкиот натпревар во Германија го освои првото место во ритмичка гимнастика.

На овој натпревар Ева настапи во четири дисциплини :чуневи,хулахоп,соло,и со топка и во сите дисциплини по освои најдобриот резулатат.

Таа до сега настапила на 11 натпреварувања и на сите го освоила првото место, а на овој натпревар  Ева беше со предност од три поени пред натпреварувачката што го освои второто место.

Таа тренира и за репрезентација, што значи дека два пати месечно оди на контрола за проверка на капацитет, кондиција и се што е потребно за активен спортист кого го подготвуваат за Олимпијада.  Во наредниов период на Ева и претстојат уште  неколку турнири во Холандија и Турција.

Дека на Ева и претстои светла иднина во ритмичка гимнастика покажува и фактот дека со неа тренираат три  тренерки,кои во својата кариера постигнале светски резултати.

Претходниот артикал,Меморијален натпревар помеѓу Ф.К.Бунарџик РП -Ф.К.Миладиновци
Следната статијаУТРЕ МИНИ РАКОМЕТЕН ТУРНИР

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука