ЕВГЕНИЈА АТАНАСОВСКА ,ПЛИВАЧКА ВО ГРБНО,КРАЛ И ГРАДНО.
Евгенија со пливање се занимава 2,5 години,тренира во пливачкиот клуб Бета.
До сега има настапувано на многу домашни натпреварувања и постигнато одлични резултати.
Исто така има настапувано во Ниш-Србија и Солун и Кавала –Грција.
Нејзините успешни настапи беа забележани од стручните лица на пливачката организација на Македонија и беше поканета да ги брани боите на Македонија на детската Олимпијада во Казан-Татарстан(Русија), што се одржа од 11 до 19 мај оваа година.
На оваа олимпијада во конкуренција пливачи о 60-на земји , Евгенија го освои 25-то место.
Инаку Евгенија родена е во 2003 година,живее во населба Илинден , ученичка во ООУ „Гоце Делчев“- 9-то одделение.
Населба Илинден на Евгенија и посакува успешна спортска кариера.










































