Јана Ѓошевска, родена е 05.02.2003, живее во населба Илинден.
Првите ракометни чекори ги започна кај Фросина Крстевска денес Голубовска поранешната наша репрезентативка.
По извесно време на нејзина 7 годишна возраст премина во РК Илинден под водство на Александра Стаменковиќ- денес Јанев ,исто така поранешна ракометна репрезентативка на Македонија.

Потоа во договор со нејзините родители се префрли во ракометната школата Металург, каде тренер и беше Јулијана Црвенковска заедно со помош на Михаела Капсарева, набрзо беше повикана во селекција за Металург, каде под водство на тренерот Даниела Тасеска, освоија многу пионерски, кадетски лига.
Нејзината форма од ден на ден се движеше во нагорна линија и така реши да го напушти Металург и да премине во Спартак.
По само една сезона помината во Спартак тренерот Јулијана заедно со Крсто ја повикуваат за првиот тим на Металург кога и го освоија купот во 2022год.

Наредната година Јана пак премина –се врати во Спартак каде имаше одлична сезона и заврши како трет стрелец во лигата.
Нејзината игра беше предизвик за секој клуб да ја има Јана во своите редови, така таа беше повикана од РК Куманово,а таа ја прифати поканата и се пресели во Куманово.

Во новиот РК Куманово Јана се надева на големи лични и клубски успеси.
Голема благодарност изкажува на нејзините родители ,односно семејството за голема подршка која и е како ветер во грб, при тоа истакнувајќи ја особената подршка од , нејзиниот татко кој е секогаш до неа за разговор и да ја поведе по правилниот пат.

Амбициите на Јана се репрезентацијатаа на Македонија и на поголеми успеси и настап на европската сцена.
Населба Илинден на Јана и посакува успешна ракометна кариера.