–27 јануари 1991.- Собранието на Република Македонија со тајно изјаснување и со мнозинство гласови за претседател на Републиката го избра Киро Глигоров.Прв Претседател на самостојна Република Македонија.

-27 јануари е Светски ден на холакаустот. Генералното собрание на Обединетите Нации во 2005 година одлучи да им се оддава почит на жртвите на холокаустот на 27 јануари.Македонија преку изградбата на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија отворен во Скопје во 2011 година, на местото на некогашното Еврејско маало, создаде место за сеќавање на 7.148 убиени Евреи со потекло од Македонија за време на Холокаустот.Во знак на сеќавање на депортираните македонски Евреи, во март 2011 година во Скопје беше отворен Меморијалниот центар на жртвите на холокаустот, кој е еден од четирите такви во светот, покрај центите во Израел, Германија и во САД.
-27 јануари 1936г. Одржана е лицитација за градење на делница на државниот пат бр,1 Белград-Ниш-Скопје-Гевгелија.

–27 јануари 1949.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар, е прикажана првата балетска претстава „Валпургиска ноќ“ од францускиот композитор Шарл Гуно. Кореограф беше Ѓорѓи Македонски, диригент Трајко Прокопиев, сценограф Василие Поповиќ Цицо, а нацртот на костимите беше на Милица Бабиќ – Јовановиќ.
-27 јануари 1954г.е регистрирана најниската температура во Македонија.Во Берово тогаш се измерени минус 31,5 степени Целзиусови.

–27 јануари 1993.- Во селото Бистрица, Битолско, умре Благоја Фотев, учесник на Првото заседание на АСНОМ, прв повереник за финансии, а потоа и за земјоделство во Владата на НР Македонија, а од 1947 до 1950 година претседател на Президиумот на Народното собрание на НР Македонија (на оваа функција пред него беше Методија Андонов – Ченто). Беше борец за идеите на ВМРО (обединета) и активен популаризатор и толкувач на идеите на движењето МАНАПО. Роден е во селото Герман, Леринско, на 14 август 1900 година.
–27 јануари 1995.- Република Молдавија и Република Македонија воспоставија дипломатски односи.
–27 јануари 1995.- Во Скопје умре Лилјана Белева, македонска писателка. Познати и се делата „Моето парче 27 јануари земја“, „Жолтата амфора“ и „Перниче од ружи“. Родена е во Заечар, на 23 март 1940 година.