Мартина има 13 години и веќе неколку сезони е една од подобрите млади ракометарки (јуниори)во ракометниот клуб Torslanda во Гетеборг –Шведска.
Првата екипа на нејзиниот клуб се натпреварува во втората шведска лига,додека младите каде настапува и Мартина во регионот на Гетеборг,при што учествува и на многу ракометни турнири низ Шведска.
Нејзина позиција во играта е централен и лев бек.
Уште од најмала возраст таа своите спортски афинитети ги искажуваше кон ракометот.
Денес таа е една од 10-те топ ракометарки од нејзината генерација во Гетеборг.
А, кои би биле нејзини идоли? секако тоа се нашите најафирмирани ракометарки ИЛИНДЕНКИ Валентина Радуловиќ и Александара Стаменковиќ.
Мартина Ангеловска спортските гени ги влече од нејзиниот татко Диме Ангеловскиод кој потекнува од родот „Роглеви“,кој беше еден на подобрите фудбалери што призлегле од Илинден.
Инаку, Диме својата кариера ја започна во ФК Илинден ,покасно играч на Брегалница Делчево и Силекс во македонската прва лига и спортската кариера да е заврши како професионалец во Унгарија и Шведска.
Мартина со нејзините родители се во со престој во Шведска повеќе од една деценија,каде моментално и живеат.
Населба Илинден на Мартина и посакува успешна спортска кариера