Стефан Петровски-ракомет

0
188

Стефан Петровски Стефан Петровски –Ракометар ,роден на 08 февруари1994г. во Скопје ,живее во населба Илинден. Тој е поранешен ракометар на Металург, и е еден од повеќето македонски ракометари кои отидоа на печалба во странство, овојпат станува збор за екипата на РК Вуштриа, од Косово. Со ракомет започна да се бави од најраното детство ,како мал се радуваше на се, но најдраг подарок на кој се сеќава од детството и омилена играчка му беше ракометната топка (која ја добил за 5-тиот роденден). Во петто одделение како ученик во ОУ„ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ –населба Илинден биле во посета на ракометниот клуб Металург, тоа кај него предизвикала уште поголема љубов кон ракометот ,а РК Металург уште во тоа време станал негова голема спортска љубов. И , покрај големата обврска со ракометот тој наоѓа време и за другарите, семејството, пријателите, роднините и за се што му е потребно на еден млад човек, а тоа е љубовта. Како и сите млади почетници спортисти така и Стефан имал свој идол, а тоа е Андреас Нилсон- пикерот на Веспрем. Својата ракометна кариера ја започна во РК Металург, во меѓувреме Стефан доби доста примамлива понуда која влијаеше на одлуката да премине да игра за клубот РК Вушттрија (Косово). Во новиот клуб Стефан наиде на одлична соработка со колегите од тимот, а и општо од населението од Вучитрн ,може да се каже дека се многу гостопримлив народ, распoложен за дружба и соработка. Сепак тој мисли дека македонската суперлига е многу подобра и со задоволство би играл за некој македонски ракометен клуб. Моментално тој живее во градот Вучитрн-Косово .Жителите се гостопримливи, тој се чуствува среќен што тие се задоволни од него како играч во нивниот тим, така што веќе после вториот натпревар, почнаа да го препознаваат и поздравуваат каде и да го сретнат, било да е на улица, кафуле, ресторан или на други места. Но и покрај тоа , кога би имал понуда, секако дека би прифатил да се врати и да игра во Македонија. Негова девиза во играта е, еден за сите –сите за еден ,за време на натпревар го нервира себичноста ,избрзаните удари и кога на некои играчи сопствениот успех им е поважен од клубскиот. Стефан е поборник на колективна игра и секој да се труди да придонесе за победа.За него најголема победа е насмевката и задоволството на лицата на фановите, но и публиката треба да ги разбере играчите , да ги бодри и кога победуваат и кога среќата не е на нивна страна. Поддршката на публиката е најголема мотивација за да се игра подобро на следниот натпревар. Населба Илинден на Стефан

Претходниот артикал,Филип Арсеновски-ракомет
Следната статијаДијана Христовска-фудбал

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука