РК ИЛИНДЕН – Вардар оваа година 2024 година ќе одбележи 20 години успешно постоење, меѓу ретките школи која што без прекин работи со млади категории. Ова успешно работење со контуинирано постоење пред се се должи на погодните услови за ваков спорт-спортската сала , но можеби и многу поважно од тоа што со децата во клубот работат професионални тренери Александра Јанев и професор по физичка култура и тренер master couch,Дарко Јанев. Младите ракометари освен што го изучуваат ракометот постепено преку игра и забава , најбитно е кај едно дете да почне со моторика. Тука тренерите посветуваат голем акцент на тој дел и затоа во клубот може да тренираат деца и од 5-6 години.Оваа сезона РК Илинден настапува во три младински категории ,машки пионери и женски младинки и кадетки. Досега младите ракометари учествувале на многу домашни и меѓународни турнири ,а оваа 2024 година планиран е турнир во Бјелина Босна и Херцеговина, како и летен спортски камп во Р.Грција.Во клубот го гледа и на големиот интерес и во малата група деца родени 2012 и помали и за оваа категорија предвидени се доста пријателски натпревари, затоашто кај нас сеуште нема детска лига за ракомет.За овој период од клубот произлегле стотици млади ракометари некои веќе и активи учесници во многу клубови и државни селекции.