Игор ЕМСИ Јакимовски – атлетичар. 

0
251

Игор ЕМСИ Јакимовски – атлетичар.
Некој може да ми приговори ,па тој е сеуште активен, да активен е , ама со неговите досегашни резултати тој си обезбеди место во нашите спортски легенди.Инаку многу спортисти на неговите години(четириесет и некоја) одамна спорската опрема би ја закачиле на клин. Ама ние го имаме него, спортистот –човекот кој ги поместува границите и можностите во атлетиката.
Иако е сеуште активен атлетичар/ветеран и постигнува одлични резултати во врвот на нашата атлетика, сепак го заслужува местото во нашите спортски легенди.
Роден 1976 год. во Скопје .Во 1991 година се запишува во средното воено училиште во Сараево каде го постигнува својот прв успех во атлетиката. Поради војната во тогашната Југославија, го прекинува школувањето и се враќа воМакедонија каде по завршувањето на средното образование се запишува на Воената Академија во Скопје.За време на студентските денови учествува на неколку атлетски трки каде постигнува резултати во врвот на тогаш најдобрите атлетичари во Македонија
По дипломирањето и вработувањето како офицер во АРМ во 2000 година, поради професионални и службени обврски, прави пауза од атлетиката цели 5 години по што во 2005 година се враќа на кралицата на спортовите.
.Во изминатите 13 години нашиот Игор преставува алфа и омега во македонската атлетика како најголем промотор на нашата атлетика, рекордер по број на истрчани трки, тренер на најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ивистински воин кога се трчаат маратони на домашно и меѓународно тло.Тој за 13 години активно занимавање со атлетиката има до овој момент истрчано официјално 408 трки
( маратони и полумаратони – 110 ) и неофицијално уште 150, односно вкупно 558 трки. Освојувал државни титули,армиски шампион во многу дисциплини,спортист на година во АРМ,бројни учества на светски, европски и балкански првенства во планинско трчање и крос како државен
репрезентативец и многу трки за својата АРМ на воените олимпијади, светски воени и останати регионални првенства. Во моментот највеќе е посветен на тренерската работа со многу млади таленти од населбата Илинден, меѓу кои е и нашиот најдобар македонски атлетичар Дарио Ивановски со кого ги остварува сите свои цели и желби во кралицата на спортовите.
Признание за неговите досегашните спортски достигнувања во атлетиката е тоа што тој неодамна беше едногласно избран за член на извршниот одбор на Атлетската федерација на Македонија .
Населба Илинден на Игор му посакува добро здравје и уште многу трки,резултати и успешно да го пренесе своето искуство на неговите ученици од МС тимот.

Претходниот артикал,Сара Ристовска е прогласена за најдобар спортист на Македонија во 2018 година
Следната статијаПриродна реткост и убавина , карпест релјеф и дел од Бучинци

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука