Родена во с. Миладиновци, со атлетика започнала да се занимава уште во основното училиште во с. Миладиновци.
Подоцна станала членка на македонската и на југословенската атлетска репрезентација во дисциплината трчање на 100 м со пречки.
Како југословенска репрезентативка настапувала на повеќе меѓународни атлетски натпревари од 1990 до 1994 година.
На Европското јуниорско првенство во Солун во 1991 година го освоила третото место, на меѓународниот митинг во Софија во 1992 година четвртото место, во 1993 година на државното отворено првенство на СР Југославијиа го освоила првото место, а во 1994 година настапи на Европското првенство во Хелсинки.
Елизабета денес живее во Канада.