Илина и Ева Соколовски главни на сцената во нивните категории – Илинденски сонца.
Илина победи, а Ева го освои третото место. Ваков е резултатот од натпераврот по ритмичка гимнастика на сестрите Соколовски, кој се одржа викендот во Германија.

Илина и Ева Соколовски кои потекнуваат од населба Илинден заедно со своите родители Горан и Јасмина подолго време престојуваат во Германија
Двете сестри во своите категории нижат успеси во уметничка гимнастика , продолжуваат да носат злато за Германија со македонски пасош и нивниот талент и успех секој ден е се поголем и поголем.
Неодамна Илина и Ева се натпреваруваа во градот Гутерслох, Илина настапуваше во Бундеслигата воOWL-CUP каде Илина меѓу 10-те натпреварувачки со голема предност од 4,50 поени го освои првото место.

Ева го помеѓу 9 –те натпреварувачки го освои третото место и се закити со бронза
.Населба Илинден на двете наши млади гимнастичарки им посакува успешна кариера