По формирањето на Земјоделско-Сточарското Стопанство 1-ви Мај во 1954 година за прв пат кај нас се појавија –видовме и трактори, меѓу нив беа и тракторите булдузи .
На фотографијата еден од нив, а на жалост непознати се трактористите.
За можностите шо ги има тракторот се развиваа дискусии-муабети дека тракторот може да изора за еден ден колку толку и толку коњски или воловски зевгари за многу повеќе време.
Штом се појавеше тракторот одма беше заокружен од луѓе и многу пати некој ќе му речеше на некој ај турија капата на ауспухот и кога трактористот ќе дадеше гас капата високо ќе одлеташе во воздух.
Тракторот највероватно беше со еден клип затоашто имаше многу силен звук,се палеше со рачно вртење на замаецот.