КОЈ БИЛ ИЛЕШ ШПИЦ

0
116

 Постарите генерации знаат кој е фудбалскиот тренер Илеш Шпиц ,денешната генерација македонска јавност повеќе го запозна преку филмот „Трето Полувреме“.

А, кој е Илеш Шпиц, фудбалски  тренер голем стратег со Еврејско потекло ,кој работел во многу поранешни Југословенски фудбалски клубови.

Во скопски Граѓански дошол од Сплитски Хајдук, го презема клубот, а подоцна станува тренер и на Македонија, клуб кој во текот на Втората светска војна успешно се натпреварувал во бугарската фудбалска лига.

Во март 1943 година, Шпиц заедно со неговите сонародници Евреи бил депортиран кон Треблинка, но судбината го поштедила. По интервенција на бугарските окупациски власти, некаде пред Ниш, Шпиц бил симнат од возот избегнувајќи ја на тој начин сигурната смрт.

Тој останал во Скопје до 1946 година, кога заминал за Белград каде бил тренер на Партизан. Таму се задржал до 1960 година кога се вратил повторно во Скопје како тренер на ФК Вардар.

Во сезоната 1960/1961 под негово водство  Вардар го освоил националниот куп на Југославија.

На 1 октомври 1961 година, на стадионот во Скопје, Вардар играл важен првенствен натпревар за опстанок во првата лига  со ОФК Београд.

Вардар,  успеал да го добие тешкиот  натпревар, но срцето на Шпиц, за жал, не успеало да го издржи таквиот притисок.

 Додека играчите и навивачите на теренот ја славеле победата, долу во соблекувалната, на популарниот тренер, наеднаш му се слошило и по кратко време починал.

Овој натпревар бил последната победа за фудбалскиот тренер Илеш Шпиц.

Во Македонија многу тренери особено во минатото ги нарекувале по неговото име Шпиц,со кое на некој начин се кажувало дека се работи за успешен фудбалски тренер.

Милан Панушковски-Шпиц

Таква привелегија имавме и ние како н. Илинден и ФК Илинден,да во 60/70-те години од минатиот век да го имавме Милан Панушковски-ШПИЦ долгогодишен фубалер, а потоа и успешен тренер на ФК Илинден.

Претходниот артикал,Коњаницата од  Горно Лисиче на пат кон Крушево
Следната статијаЕлена,Станка,Антонета,Маја и Голупка

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука