Големиот фудбалски визионер, тренер, педагог е човек кој е роден во нашата Битола. Токму на денешен ден 4 мај 1930 година во „градот на конзулите“ тргна животната приказна на големиот Миљан.
Миљан Миљаниќ и неговата фамилија во 1928 година се доселиле во Битола. Неговиот татко бил геометар. Живееле во Битола до 1941 година кога се селат во Крагуевац. Таму малиот Миљан го преживува масакрот на фашистите а од 1946 година заминува со фамилијата во Белград и станува член во Црвена Звезда. Имал 12 години кога заминал од Битола за која секогаш копнеел…
“Миљан Миљаниќ е еден од најголемите тренерски имиња кои биле на клупата на: Црвена Ѕвезда, на три наврати беше Селектор на Југословенската репрезентација,Реал Мадрид и Валенција.
Починал на 13 јануари 2012 година во Белград на 81 година, на погребот од капелата кон вечниот дом Миљан Миљаниќ е испратен со песната „Битола мој роден крај“, а во вечното почивалиште со стиховите од песната „Македонско девојче“. Додека се интонираа македонските песни, легендата ја испратија Џајиќ, Амансио, Бутрагењо, Пижон Петровиќ, Осим, Сушиќ, Бајевиќ…
Сите интервјуа што ги даваше за макдонските медиуми ги даваше на македонски јазик.