Почитувани спортисти, пријатели и љубители на спортот, особено до љубителите на малиот фудбал,
Ве известуваме дека оваа година продолжува традицијата на оддржување на нашата спортска манифестација Турнир во мал фудбал „Миладиновци 2022“ кој ќе започне на 01.08.2022 организиран од страна на ФК Миладиновци.
Котизација за учество на екипите изнесува 4,000.00 ден.
Последен ден за пријавување на екипи е 31.07.2022 до 20:00 часот. Извлекувањето на групите ќе се оддржи во 20:30 часот на игралиштето во Миладиновци.
НАПОМЕНА: Се молат претставниците на екипите да бидат присутни за време на извлекувањето, а исто така навремено да ја подмират котизацијата за учеството на турнирот, во спротивно истите ќе бидат отстранети.
Турнирот се игра по систем 4+1 со максимум 10 пријавени играчи, со комбинирани правила за мал фудбал.
За најдобрите следуваат соодветни награди:
I-во место 80,000.00 ден. + пехар;
II-ро место 40,000.00 ден. + пехар;
III-то место 20,000.00 ден. + пехар како и награди за најдобрите поединци;
Наградниот фонд е загарантиран, со можност за дополнување во зависност од вкупниот број на пријавени екипи!
Лице и телефон за контакт:
Никола 071-267-141
Филип 075-360-639
Исто така можете да не контактирате и во инбокс.
Ве очекуваме.
Спортски поздрав,