Петре Завировски,продолжува со одлични резултати

0
74

Нашиот атлетичар, Петре Завировски продолжува со одличните настапи.

Нашиот, Петре Завировски го продолжи својот континуитет и истрча одлично. Од прв до последен километар Александар Кираџиев го диктираше ритамот и успеа да го извади максимумот од нашиот атлетичар. Патеката долга 10км овој пат Завировски ја мина за 37-21 минути. Овој резултат одново е во рамките во кои трча Завировски оваа сезона.

Вардарецот истрча 6 трки на 10км оваа сезона. Негов најдобар резултат е 36-48, а најслабиот е 37-25, одличен континуитет. Оваа сезона полека привршува. Најверојатно Завировски ќе одработи уште неколку трки и потоа ќе започне подготовки за новата сезона која вообичаено ја стартува кон средината на февруари. Се надеваме на уште подобри резултати следната сезона.Преземено од http://vardarfans.mk/

Претходниот артикал,Тамара Ангеловска, постигна голем успех
Следната статијаМАРТИН АНТЕВСКИ-„The Tornado“

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука